Сведоштво на Ивана од Скопје за пожарот над Вурвуру: „Го забележав чадот веднаш, за половина час дојдоа да гасат 10 авиони“

„Пожарот беше на околу 5km од нас. За половина час дојдоа десетина авиони и неколку хеликоптери, кои не дозволија да ескалира. Иако почна да се шири молскавично, благодарение на подготвеноста на грчките служби, спречија ескалација“, вели за CRNOBELO.com Ивана Тасев, која е на летување во Вурвуру.

svedoshtvo-na-ivana-od-skopje-za-pozharot-nad-vurvuru-go-zabelezhav-chadot-vednash-za-polovina-chas-dojdoa-da-gasat-so-avioni-01.jpg

Ивана Тасев, новинарка и ПР менаџер од Скопје, е на летување во Вурвуру, Халкидики.

svedoshtvo-na-ivana-od-skopje-za-pozharot-nad-vurvuru-go-zabelezhav-chadot-vednash-za-polovina-chas-dojdoa-da-gasat-so-avioni-02.jpg

Таа со семејството била во вилата во која се сместени, а кога во 15 часот по грчко време почнал да се гледа чад од пожарот во близина на Ливари и Вурвуру.

svedoshtvo-na-ivana-od-skopje-za-pozharot-nad-vurvuru-go-zabelezhav-chadot-vednash-za-polovina-chas-dojdoa-da-gasat-so-avioni-02_1.jpgПожарот во 15 часот

За CRNOBELO.com, Ивана вели дека е трогната од професионалноста на грчките пожарникарни служби, кои експресно реагирале и не дозволиле пожарот да се прошири.

„Во моментов е 21 часот и иако веќе скоро 2 часа нема чад, над нас постојано надлетуваат авиони и ја набљудуваат ситуацијата.

Пожарот го видов веднаш кога почна, тоа е на околу 5km од нас. Слушнав дека некои луѓе добиле пораки за евакуација, но ние на македонските броеви не добивме ваков аларм.

svedoshtvo-na-ivana-od-skopje-za-pozharot-nad-vurvuru-go-zabelezhav-chadot-vednash-za-polovina-chas-dojdoa-da-gasat-so-avioni-03.jpgСитуацијата во 21 часот (по грчко време)

За половина час дојдоа десетина авиони и неколку хеликоптери, кои не дозволија пожарот да ескалира.

Многу професионално го изведоа ова. Иако почна да се шири молскавично, благодарение на подготвеноста, спречија ескалација.

Јас сум сериозно воодушевена колку се добро подготвени и како реагираа.

svedoshtvo-na-ivana-od-skopje-za-pozharot-nad-vurvuru-go-zabelezhav-chadot-vednash-za-polovina-chas-dojdoa-da-gasat-so-avioni-02_2_copy.jpg
21:30, авиони и понатаму земаат вода и летаат кон местото на пожарот

Погледнете го видеото што го сними Ивана:

Прочитајте и Голем пожар близу Вурвуру на Халкидики - туристи се евакуираат, се гаси со канадери (видео)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Велат дека е поубава од сестра ѝ, во брак е со познат спортист - Која е сестрата на Данијела Димитро... Ретко кој знае дека манекенката, инфлуенсерка и деловна жена, Данијела Димитровс...
Владо Георгиев на гала настан со 15 години помладата партнерка - Ретко појавување на Милица во јавно... Коментарите на социјалните мрежи се дека се преубав пар, но има и такви кои вела...
Едита раскина со мажот со кого чека дете - Бил мета на убиство, по грешка му ја убиле тогашната дево... Само неколку недели откако Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со...

Најчитани неделава