Српска пејачка во посета на Острог со синот кој престанал да ѝ вика мамо: „Сè е Божја работа“
- Детали
- четврток, 03 јули 2025
„Детето ми доцни со говорот. Одиме кај логопед. Конкретни промени видов кога на неполни 2 години престана да ме довикува“ - рече Гога Секулиќ минатата година кога првпат проговори за проблемите на синот, а сега заедно го посетија манастирот Острог со верба во моќта на исцелување на свети Василиј Острошки.

Српската пејачка Гога Секулиќ, од бракот со бившиот сопруг Урош Домановиќ, кој е 15 години помлад од неа, во 2018-та го доби синот Василиј Андреј, а се породи во Цирих.
Во една пригода, минатата година, таа се отвори и проговори за проблемот со кој се соочува нејзиниот син и призна дека тој доцни со говорот, па решила да ја стави на пауза кариерата и се вратила во Белград за да посетуваат домашни експерти.
Сега таа сподели дека го однела синот во Острог, манастирот за кој се верува дека на луѓето им помага во разни ситуации откако ќе го посетат.
Прочитајте и Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате?
Пејачката објави фотографии на Инстаграм Стори, на кои го држи синот во раце, а во позадина се гледа манастирот.

Веројатно Гога, покрај сите останати напори кои ги прави за да му помогне на својот наследник, решила утеха и надеж да пронајде во верата и моќта на исцелението на свети Василиј Острошки.
Ова не е првпат таа да го посети манастирот и да објави фотографија оттаму, а нејзиниот син го носи токму името на овој светец.

За пречките во развојот и говорот на синот, кој инаку е активен и весел, таа не зборува често, но минатата година за првпат откри со што се соочува.
„Детето ми доцни со говорот. Одиме кај логопед. Конкретни промени видов кога на неполни 2 години престана да ме довикува. Решив да се вратам во Белград и да побарам помош од наши експерти. Тоа е голема мака, голема борба.
Но, најважна е работата со детето и социјализацијата. Процесот подразбира одење кај логопед, дефектолог, во сензорна соба, сето тоа е многу битно.
Има многу начини да се помоне, но тоа е Божја волја и работа“ – изјави минатата година пејачката кога за првпат зборуваше за овој предизвик во животот.
Прочитајте повеќе: Српска пејачка со емотивна исповед за синот (5): „Кај него видов промени на неполни 2 години - престана да ме довикува“
М. М. | Црнобело