Прво финале од Ѕвездите на Гранд без Саша Поповиќ: „Еден глас со години одлучуваше за судбините, но сега го нема - го нема Сале“
Таа и минатата седмица сподели емотивна објава за Саша Поповиќ:
„Никогаш потешка, никогаш поисполнета со предизвици сезона.
Девет месеци борба, емоции, надежи, молитви, страдања – па повторно сила.
Ролеркостер што нè кршеше и нè составуваше одново.
Загуби што не можат да се измерат.
Прашања што си ги поставуваш себеси, кога веќе нема кого да прашаш.
И желба… сè да биде токму онака како што тој сакаше – беспрекорно, вистинито и големо.
Затоа што тоа е единствениот начин што го знаеме.
Оваа сезона е наша посвета на човекот кој со децении беше темелот на овој проект.
Двигателот, духот и ритамот на сè.
Сигурна сум – Сале нè гледа и се насмевнува. Горд е. Токму вака, како на оваа фотографија, кога последен пат стоеше на нашата сцена… Можеби и клима со главата, во негов стил: „Тоа е тоа!“
Финалето нè очекува.
Победникот на сезоната 24/25 наскоро ќе застане на сцена која оваа година го нема својот диригент, но има оркестар што знае за кого свири.
Сале, ова е за тебе.
За тебе и за сите оние за кои сцената значи повеќе од сè…
За сè што создаде, изгради, зачува“.
Инаку, оваа година се воведува уште една награда за победникот на „Ѕвездите на Гранд“ – победничка статуа што го носи името на Саша Поповиќ, во чест на основачот и долгогодишен креатор на ова музичко натпреварување.
„Донесовме одлука статуата што ќе ја добие победникот или победничката во 2025 година да го носи името на нашиот пријател, автор и основач на Гранд – Саша Поповиќ.
Некој од овие млади луѓе од Србија или регионот ќе ја понесе дома статуата со неговото име. Тоа е најмалку што можевме да направиме сега кога работиме без него“, изјави водителот Воја Недељковиќ за Гранд.
С. С. | Црнобело