Прво финале од Ѕвездите на Гранд без Саша Поповиќ: „Еден глас со години одлучуваше за судбините, но сега го нема - го нема Сале“
- Детали
- сабота, 05 јули 2025
„Недостасува еден глас кој со години одлучуваше за судбините. Една реченица што сите ја очекуваа со нетрпение, држејќи го здивот, со надеж во очите: ‘Оди понатаму, оди понатаму...’ Но, оваа година тој глас го нема. Го нема Сале. Го нема неговиот поглед што гледаше потенцијал и таму каде што другите не го гледаа...“

Вечерва (05.07), по одложувањето од минатата седмица поради технички причини, ќе се одржи финалето на сезоната на „Ѕвездите на Гранд“, а оваа вечер ќе биде особено емотивна бидејќи е првото финале откако почина творецот на овој проект – Саша Поповиќ.
Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, на својот Инстаграм профил сподели емотивен текст посветен на Саша Поповиќ, кој го напишал еден корисник на оваа мрежа.
Објавата што вчера ја сподели Ана гласи:
„Утре е финалето на ’Ѕвездите на Гранд’. Емоции, талент, светлата на рефлекторите...
Но, недостасува едно светло. Еден глас кој со години ги одлучуваше судбините.
Една реченица што сите ја очекуваа со нетрпение, држејќи го здивот, со надеж во очите: ‘Оди понатаму, оди понатаму...’
Но, оваа година тој глас го нема. Го нема Сале.
Го нема неговиот поглед што гледаше потенцијал и таму каде што другите не го гледаа.
Го нема тој сигурен тон што охрабруваше кога најмногу беше потребно.
Го нема неговиот хумор во напнати моменти, неговата гласна смеа што ја тресеше сцената...
Со години таа реченица носеше соништа. Беше граница помеѓу непознатото и славата.
Кога Сале ќе речеше ’Оди понатаму’, тоа не беше само поминат круг – тоа беше повик во нов живот, ветер во грб, признание.
И сега, иако не е во студиото, Сале е во секој дел од оваа емисија.
Во секој натпреварувач што го поддржа, во секоја ѕвезда што ја создаде, во секое срце на публиката што знае кому му должиме за овие моменти.
Затоа, кога утре нема да го слушнеме неговото ’Оди понатаму’, да знаеме – многумина се тука затоа што тој тоа некогаш го рекол.
И поради тоа, Сале оди понатаму. Преку нас. Преку сè што допрел“.
Ана додаде емотикон со солзи и срце на објавата...