Тон емоции! Фрањо Ласиќ ја пее „Чукни во дрво“ во белградско бистро (видео)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Наши пријатели од Белград ни ја испратија снимката на која од хрватскиот актер и музичар ја пее култната песна од „Леб и сол,“ со порака дека уживале слушајќи ги стиховите кои ги потсетуваат на Македонија.

Хрватскиот актер и музичар, Фрањо Ласиќ во саботата (05.07) имаше акустичен настап во познатото белградско бистро „Номад“.
Во придружба на својата гитара и уште еден музичар, тој цела вечер пееше евергрини и песни кои ги одбележаа последните 50 години во југословенската музика.
Меѓу нив беше и неговата „Volim te budalo mala“, која е синоним за успешната кариера на Ласиќ.

И додека песните се редеа една по друга, Фрањо ја запеа и култната „Чукни во дрво“ од „Леб и сол“.
Наши пријатели од Белград во редакцијата на CRNOBELO.com ја испратија снимката од песната која е омилена на многу генерации, со порака дека уживале слушајќи ги стиховите кои ги потсетуваат на Македонија.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело / фото и видео: И. Стошиќ