Гласини за развод на бившиот на Северина - По 7 месеци се распаѓа бракот на Игор Којиќ и 15 години помладата сопруга
- Детали
- среда, 09 јули 2025
„Софија ми е дар од Бога. Прва, последна, единствена и онаа вистинска љубов“ - рекол Игор брзо по венчавката со 22-годишната Софија, а сега, се чини, парот е пред развод.

Игор Којиќ, поранешниот сопруг на Северина е пред уште еден развод, пишуваат српските медиуми.
Тој и неговата 15 години помлада сопруга, Софија, наводно, веќе живеат одвоен живот, а нивниот однос е затегнат и не може да се поправи.

Парот се венча ненадејно на 3 јануари 2025, по десетина дена познанство.
Игор ја изненади јавноста кога сподели фотографии како се потпишува во книгата на венчани.

И Софија објави иста таква фотка на Инстаграм Стори, на која пишува „Госпоѓа Којиќ“.
„Софија ми е дар од Бога. Прва, последна, единствена и онаа вистинска љубов“ - рекол Игор за „Блиц“ брзо по венчавката.

Но, во јавноста сега кружат гласини дека имаат проблеми во бракот.
Според нив, Софија не се однесува како мажена жена, туку како слободна девојка.

Таа постојано патува и излегува навечер со другарките, а од поодамна не споделува фотки со сопругот.

Игор, пак, за тоа време е посветен на својот нов бизнис - продажба и изнајмување луксузни недвижнини во Белград.

