Тајно се ожени грчкиот пејач Константинос Аргирос - пред 8 месеци доби син, гласини дека чека второ дете со саканата
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
Свадбата на еден од најпопуларните грчки пејачи и неговата избраничка требала да се одржи оваа есен, но бидејќи таа е повторно бремена, парот решил да се венча порано - од гостите побарале да не објавуваат ништо на социјалните мрежи.

Еден од најпопуларните грчки пејачи, Константинос Аргирос минатата недела направи свадбена веселба со својата сопруга, Александра Ника.

Парот претходно се венча во 2024 година на интимна церемонија, а брзо потоа, во ноември, се роди нивниот син Василис, крстен по таткото на пејачот.
Сега, осум месеци по неговото раѓање, тие направија свадбена веселба, на која, според грчките медиуми, присуствувале околу 100-150 гости.

Наводно, свадбата требала да се одржи на есен годинава, но Александра е повторно бремена, поради што парот решил да се венча порано.
Тие се венчале во луксузен ресорт во околината на Атина, а потоа забавата продолжила во семејниот дом на родителите на Александра.

Според грчките медиуми, младениците побарале од гостите да не објавуваат ништо на социјалните мрежи за свадбата, но сепак, на Инстаграм, беа објавени неколку кратки видеа, направени пред црковната венчавка.

