Факти за грчката ѕвезда Константинос Аргирос: Дел е од првата ин витро тројка родена во земјата

Обожава екстремни спортови, бил малолетен кога го украл автомобилот на татко му, се пријавил во реално шоу поради девојка, а денес е една од најголемите ѕвезди во Грција... Дали сте и вие фан на песните на Константинос Аргирос?

fakti-za-konstantinos-argiros-del-e-od-prvata-in-vitro-trojka-rodena-vo-grcija-vlegol-vo-realno-shou-za-da-impresionira-devojka-01.jpg

Веќе неколку години, еден од најпопуларните грчки пејачи е Константинос Аргирос. Неговите хитови Ksimeromata, Psemata и Athina Mou постојано се вртат на локалните радија, а песните освен што се неизбежни за забавите во Грција, често се пуштаат и во регионот.

Ksimeromata веќе неколку години е летен хит на кој „одлепуваат“ туристите кои доаѓаат во Грција.

Константинос, пак, освен што плени со својот глас, привлекува и со својот изглед: телото дефинирано со мускули, брадата која му дава мажествен и секси изглед и насмевката на која „паѓаат“ многумина.

Тој, пак, во интервјуата за себе ќе каже дека не се доживува себеси како ѕвезда, но дека ужива кога ќе излезе на сцената и пред себе ќе ја види публиката која се забавува на неговите настапи.

fakti-za-konstantinos-argiros-del-e-od-prvata-in-vitro-trojka-rodena-vo-grcija-vlegol-vo-realno-shou-za-da-impresionira-devojka-08.jpg

Што знаеме за Константинос Аргирос?

Роден е на 21 мај 1987 година во Атина

Константинос е познат во Грција уште од денот на неговото раѓање.

Тој и неговите брат и сестра, Павлос и Катерина, се првата тројка родена во земјата со ин витро.

Веста за нивното раѓање ја пренесоа сите локални медиуми и во тоа време никој не можеше ни да претпостави дека едно од овие три деца еден ден ќе биде една од најголемите ѕвезди во земјата.

fakti-za-konstantinos-argiros-del-e-od-prvata-in-vitro-trojka-rodena-vo-grcija-vlegol-vo-realno-shou-za-da-impresionira-devojka-07.jpg

Се пријавил во реално шоу поради девојка

Јавноста повторно слушна за Константинос во 2004 година, кога се пријави во реалното шоу Fame Story 3.

Во шоуто тој открил дека единствената причина поради која се пријавил е за да ја импресионира девојката што му се допаѓала.

fakti-za-konstantinos-argiros-del-e-od-prvata-in-vitro-trojka-rodena-vo-grcija-vlegol-vo-realno-shou-za-da-impresionira-devojka-12.jpg

Омилен филм му е Hachiko

Популарниот пејач за себе вели дека е емотивен, а дека омилен филм му е Hachiko, вистинска приказна за кучето кое секој ден го чека својот сопственик на железничката станица да се врати од работа.

Но, еден ден неговиот сопственик доживува срцев удар и починува додека е на работа, а кучето никогаш не ја напушта железничката станица со надеж дека тој ќе се врати.

fakti-za-konstantinos-argiros-del-e-od-prvata-in-vitro-trojka-rodena-vo-grcija-vlegol-vo-realno-shou-za-da-impresionira-devojka-03.jpg

Омилена храна му се шпагети

Пејачот обожава тестенини, но омилени му се шпагетите со мелено месо што ги подготвува мајка му.

Тој знае да ги готви и самиот, но тврди дека не е истиот вкус како кога ќе ги направи таа.

Го украл автомобилот на татко му

Иако бил мирно дете, кога станал тинејџер почнал да се бунтува.

Тој бил малолетен и немал возачка дозвола кога го украл автомобилот на татко му за да се повози.

Ова, тврди Константинос, е најголемата беља што ја направил во своите тинејџерски години.

Омилен остров му е Лефкада

Иако е роден во Атина, неговото семејство потекнува од островот Лефкада.

Таму имаат семејна куќа, во која растеле Константинос и неговите брат и сестра.

И денес често оди таму, особено кога сака да најде мир од честите настапи и работни обврски.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол ... Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции за радост - ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg