Александра Пријовиќ нуди 5.000€ за дадилка на децата - Што треба да прави таа за астрономската плата?
- Детали
- среда, 16 јули 2025
На неколку недели пред породувањето со второто дете, српската пејачка и нејзиниот сопруг, почнаа да бараат дадилка, која ќе добива 5.000 евра месечна плата, но мора да ги исполни нивните строги барања.

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип, го имаат синот Александар, а наскоро ќе го добијат и своето второ дете.
Бидејќи кариерата на Александра последниве години е во подем, но и поради снимање нови песни и идни концерти, таа решила да побара професионална помош и да ангажира дадилка за своите две деца за полесно да балансира меѓу кариерата и мајчинството.
Српските медиуми пренесоа дека парот нуди месечна плата од дури 5.000 евра за идната дадилка.
Но, што треба да прави таа за оваа астрономска плата?
Освен што ќе се грижи за бебето, дадилката мора да го чува и шестгодишниот син на Филип и Александра.
Таа ќе мора да им биде достапна по 24 часа во текот на денот и ако треба, да стане од спиење и да се врати „на работа“ среде ноќ, доколку го побараат тоа од неа.