Горан Иванишевиќ на суд побара бившата да му врати 2.4 милиони € - претходно одби да плаќа алиментација за ќерката
- Детали
- петок, 18 јули 2025
„Имавме договор да ми ги врати парите, но тоа не се случи, и затоа сме тука. Договорот е од 2012 година, во тоа време бевме во брак. Таа во 2014 година доби дете со новиот партнер, а јас продолжив да ги финансирам неа, него и нивното семејство, како да се мое“ - рекол Иванишевиќ на судењето.

Хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ, последните години е во центарот на вниманието на јавноста поради скандалите и јавниот конфликт со неговата поранешна сопруга, Татјана Драговиќ.
Поранешните сопружници веќе некое време се „препукуваат“, се тужат и омаловажуваат јавно во секоја пригода.
Судењето Иванишевиќ-Драговиќ почна деновиве, и иако тенисерот побарал јавноста да биде исклучена од постапката, барањето му беше одбиено, па неколку хрватски медиуми објавија детали за тоа што се случува во судницата.
Горан и Татјана се расправале речиси шест часа во Општинскиот граѓански суд во Загреб и во тоа време изнеле сериозни обвинувања еден против друг.

Поранешниот тенисер изјавил дека тој „ги финансирал“ Татјана и нејзиниот нов партнер, Влахо Арбулиќ, а дека парите биле позајмица.
„Ја покренав тужбата зашто таа ми ги отуѓи парите. Се работи за пари кои не се стекнати во време на нашиот брак, и кои ги заработив јас.
Имавме договор да ми ги врати парите, но тоа не се случи, и затоа сме тука. Да напоменам дека договорот што го имавме е од 2012 година.
Во тоа време бевме во брак. Таа во 2014 година доби дете со новиот партнер, а јас продолжив да ги финансирам неа, него и нивното семејство, како да се мое.
Ни таа, ниту нејзиниот нов партнер не работеа, па ете. Тоа финансирање беше од заедничка сметка во Монако од која таа подигаше пари и тоа го правеше цели пет години.
Во тоа време бевме во добри односи, па ѝ помагав. Но, ѝ барав и да ми бидат вратени парите, а таа секогаш имаше изговори.
Таа ништо не работеше. Тоа се пари од мојата заработка“, рекол Иванишевиќ, а објави „Јутарњи лист“.

Тој последен пат ѝ ги побарал парите во 2021, а откако не му ги дала, решил да ја тужи.
Додал и дека Татјана правела малверзации со неговиот имот, па прво почнала да го префрла на нивната ќерка.
„Потоа измисли дека добила 1,5 милиони евра од сестра ѝ. Таа уште 50 пати да се роди, нема да заработи толку пари“ - рекол тој.
Неговата поранешна сопруга, пак негира дека имале некаков договор за позајмица - ни устен ни на писмено.

За потсетување тие важеа за еден од најубавите хрватски парови, а нивната љубов беше филмска.
Убавата манекенка го привлекла неговото внимание кога била на врвот на својата кариера, а Горан ја видел на насловна страница во списанието Cosmopolitan и тоа во епизода од хит-серијата Friends.
Горан ja запросил во 1999 година, а се венчаа дури во 2009-та.
Ќерката Амбер Марија ја добија во 2004-та, а синот Емануел три години подоцна.
Во јавноста се пишуваше за прељубата на Горан, но тие го надминаа овој период, продолжија со заедничкиот живот и се преселија во Америка.
Се разведоа во 2013 година и долго време се сметаше дека се во добри односи по разводот, но сè се смени кога Горан ја тужеше за долгот кој го бара и сега, побара да му врати дел од луксузниот стан во Загреб во кој таа живее и денес, а одби да плаќа и алиментација за ќерката, која застанала на страната на мајка си.

Прочитајте и Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерката: Бара дел од луксузниот стан, не сака да плаќа алиментација за ќерката
А. Ј. | Црнобело