Милица Тодоровиќ е бремена - По скандалот со бившиот уапсен свршеник, среќа најде со маж со кој се состанувала 2 месеци

„Би сакала да имам дете, било машко или женско, но посебно би сакала девојче, само нека е живо и здраво. Мајчинскиот инстинкт ми се разбуди пред неколку години“, изјави Милица Тодоровиќ во една пригода, а сега по сите скандали со бившиот го очекува своето прво дете.

milica-todorovikj-e-bremena-po-skandalot-so-bivshiot-uapsen-svrshenik-srekja-najde-so-mazh-so-koj-se-sostanuvala-2-meseci-01.jpg

Српската пејачка Милица Тодоровиќ оствари една од своите најголеми животни желби, таа е бремена со своето прво дете и пресреќна е што ќе се изреализира во улогата на мајка.

Сето ова доаѓа брзо откако нејзиниот партнер беше уапсен поради криминал (во февруари 2025-та), а сега ќе биде депортиран во Хрватска и таму ќе му биде судено.

Прочитајте и Српската пејачка Милица Тодоровиќ среде скандал - Свршеникот ѝ беше уапсен по потерница од Интерпол, таа се откажа од него

milica-todorovikj-e-bremena-po-skandalot-so-bivshiot-uapsen-svrshenik-srekja-najde-so-mazh-so-koj-se-sostanuvala-2-meseci-05.jpg

Но, детето на Милица не е од него, туку од нов партнер, кој таа го запознала пред неколку месеци и во кого веднаш се вљубила.

Милица е во вториот месец од бременоста, а првпат се огласи за нејзината матична продукциска куќа Гранд по повод вестите за бременоста со кратка порака:

„Ви благодарам на честитките и благодарам што ја почитувате мојата приватност“.

Пред извесен период Милица за српските медиуми изјави:

„Треба да се биде скромен во животот, мислам дека сè се одвива онака како што ќе каже Бог, тоа е неговата волја.

Ја имам таа желба да станам мајка веќе многу години, но ќе биде како што е запишано. Можеме да правиме планови, но ќе биде онака како што ни е судено.

Би сакала да имам дете, било машко или женско, но посебно би сакала девојче, само нека е живо и здраво. Мајчинскиот инстинкт ми се разбуди пред неколку години“.

Инаку, мажот со кого Милица Тодоровиќ го очекува своето прво дете не е јавна личност, па пејачката не сака да го изложува во јавноста, пишуваат српските медиуми.

Милица останала бремена по само два месеца врска.

Таа откако дознала дека е во блажена состојба, ги откажала сите свои настапи. Сака во мир да ужива во периодот на бременост.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
По скандалот, Душко се огласи, а Јелена Карлеуша си ужива во Дубаи со ќерките и си пее „Јас сум Барб... Душко Тошиќ ја исплатил заостанатата алиментација за децата, дури откако Јелена ...
Скандалот „Кој ја уби Јелена“ го потресе регионот - Пејачка (33) беше убиена, сопругот ослободен, па... Нејзиното убиство ја потресе цела Србија, но и регион, по повеќегодишна истрага,...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...
Милица Тодоровиќ се породи во тајност - Остана бремена по 2 месеца врска, веќе не е со партнерот Пејачката Милица Тодоровиќ детето ќе го расте сама, без партнерот што го криеше ...

Најчитани неделава