Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семеен живот“
- Детали
- сабота, 02 август 2025
„Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромислено да го направи тоа. Брзо потоа тој ги избриша навредите и се покаја. Беше изнервиран од моите изјави за други мажи, но секој што губи има право да се лути и да ја покажува машката љубомора“, вели Јелена Карлеуша, згрозена од однесувањето на бившиот.

Јелена Карлеуша се огласи откако поранешниот сопруг Душко Тошиќ, ја обвини дека им плаќа на помлади мажи за да бидат во врска со неа.

Некогашниот фудбалер со овој коментар посочи на нејзината наводна врска со 31-годишниот српски кошаркар Никола Јовановиќ, за која пишуваат српските медиуми.
Прочитајте и Душко Тошиќ првпат се огласи за новиот дечко на Карлеуша и ја исмеа: „Плаќа млади момци за да бидат со неа“

Jeлена Карлеуша овој негов потег го прокоментира во српските медиуми:
„Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромислено да го направи тоа.
Брзо потоа тој ги избриша навредите и се покаја.

Беше изнервиран од моите изјави за други мажи, но секој што губи има право да се лути и да ја покажува машката љубомора.
Не требаше да го направи тоа и тој е свесен за тоа.

За поранешниот сопруг и татко на моите деца нема повеќе да кажам ниту еден лош збор.

И не, не го штедам Душко, туку му простувам.
Не е секој создаден за семеен живот и никој не вреди да се бориш за него ако тоа не го заслужува. Некој знае да го цени и разбере она што го има, а некој не.
