Oмилениот стилист на Теа Таировиќ во Македонија открива детали за соработката со неа: „Ми пее пред да излезе на сцена“
Инаку, пејачката Теа Таировиќ во подкастот на Стефан Лазаров уште кон крајот на 2024-та година искрено проговори за своите родители и своето потекло.
Таа се потсети на детските денови, проговори за ромското потекло преку татко ѝ, кој е уметник, а потсети и дека била дел од ромскиот бал во Скопје еднаш во 2024-та, а потоа гостуваше и во 2025-та година.

Нејзината исповед за семејството гласи:
„Мајка ми е вистинска лавица, таа е многу доминантна фигура во мојот живот.
Таа е ТВ лице и новинар. Работеше на две телевизии, едната беше во Нови Сад, а другата телевизија беше во Босна и Херцеговина…

Имаше своја авторска емисија, работеше вредно и посветено.
Верувам дека ѝ било исклучително тешко, немаше социјални мрежи, сè беше многу потешко…

Можам да се пофалам дека имам едно богатство во мојата крв, кога станува збор за мојата етничка припадност.
Татко ми има одреден процент ромско потекло и дефинитивно тоа му дава богатство на неговиот талент, па потоа и на мојот.

Бев и на Светскиот ромски бал во Скопје и беше прекрасно искуство“.

Прочитајте и Лила во светкав фустан, Агнеса со гол стомак - Што облекоа гостите на Светски ромски бал 2025? (фото)
С. С. | Црнобело