Oмилениот стилист на Теа Таировиќ во Македонија открива детали за соработката со неа: „Ми пее пред да излезе на сцена“
- Детали
- недела, 10 август 2025
Теа Таировиќ ја обожава Македонија... Таа се појави на Светскиот ромски бал во Скопје, а во наш подкаст кај Лазаров имаше искрена исповед за своето ромско потекло. Покрај ова постојано има настапи тука, а и свој омилен стилист. Станува збор за Марјан Петров од Струмица, кој за CRNOBELO.com вели дека соработува со неа од 2019-та година.

Теа Таировиќ ја обожава Македонија за настапи, ги обожава македонските медиуми, односно новинари, за соработка, но и нашите стилисти кога доаѓа тука. Омилен ѝ е Марјан Петров од Струмица.
Од 2019 година, па наваму таа најчесто соработува со Марјан, со кој имаше соработка и неодамна за настап токму во Струмица.
Марјан за CRNOBELO.com проговори за соработката со неа:
„Ја познавам уште од 2019 година, кога првпат дојде кај мене во салонот.
Од самиот почеток се покажа како фер и коректна личност. Секогаш остава на мене и ми го кажува тоа директно: „Ти верувам, ти знаеш што правиш“.
Кога и да е во Македонија, каде и да се наоѓа, прва ми се јавува да праша дали сум слободен. Не сака да соработува со секого.
Разговараме на најразлични теми. Во последно време, секое наше видување е кратко и во брзање - таа постојано патува и времето ѝ е ограничено.
Најчесто доаѓа непосредно пред настап. Секогаш ми пее нешто пред да излезе на сцена, особено кога ќе ја замолам да ми отпее некоја од моите омилени песни.
Најмногу се смееме кога се потсетуваме на нашaта прва средба, колку брзо кликнавме уште од првиот момент“.
