Марија Микиќ со солзи по операциите среде развод: „5 месеци агонија, депресија, животот удираше силно, но сега сум пак јас“
- Детали
- среда, 06 август 2025
Марија Микиќ стави крај на агонијата со операциите на гласните жици и објави емотивно видео. „Депресија. Падови. Животот удираше сè посилно и посилно. Ја изгубив надежта, почнав да размислувам со што друго, освен со музика, би можела да се занимавам, каде е мојата музика, дали некогаш повторно ќе ја има... Која ќе бидам јас?“, емотивно вели таа.

Марија Микиќ имаше неколку операции поради проблем со гласните жици, откако претходно поминала долг период барајќи што е проблемот кога состојбата ѝ се влошувала.

По операциите таа извесен период требаше да молчи и да го штеди гласот, а сега со видео снимено од комуникацијата со нејзиниот доктор, Марија откри дека на оваа тешка фаза од нејзиниот живот ѝ дошло крај.

Паралелно со ова Марија се соочуваше и со развод.

Таа во видеото вели:
„Сè започна во 9 часот наутро кога тајно се слушнав со докторот за да видам како течат работите по операцијата.
И најпростата работа, како што е броење до 12, за мене беше најтежок предизвик, затоа што не знаев дали гласот ќе излезе, каков ќе биде, дали сето ова ќе се заврши“.

Марија во видеото успешно изброја до 12 на англиски, па докторот ѝ кажа дека е готово и дека сè е во ред сега.

Потоа и запеаја, а Марија по завршување на повикот им се јави на сите свои блиски и сакани луѓе да им ја пренесе среќната вест.
Таа им се јави со песна, а тие со солзи во очите и реакции полни неверување се радуваа за неа.

