Карлеуша велеше дека Цеца ѝ е идол, но почнаа да се мразат - Што ја предизвика најпознатата естрадна „војна“ во Србија?
- Детали
- четврток, 28 август 2025
Естрадната војна меѓу Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша трае толку долго, што поголемиот дел од јавноста дури и заборавил дека многу одамна тие се сакаа, почитуваа и поддржува. Што предизвика омраза меѓу двете пејачки?

Во далечната 2003 година, Цеца Ражнатовиќ беше уапсена во својот дом за време на акцијата „Сабја“ и помина неколку месеци во затвор, а таткото на Јелена, Драган Карлеуша ја предводеше единицата што упадна во нејзиниот дом.
Според многумина, ова е причината што Цеца и Јелена водат естрадна „војна“ преку 20 години.
Но, конфликтот меѓу двете пејачки трае многу подолго, а во приказната е вклучен и Жељко Ражнатовиќ Аркан, озлогласениот починат сопруг на Цеца.

На почетокот, односот меѓу двете пејачки беше исполнет со почитување, восхит, дури и пријателска љубов.
Карлеуша во тоа време велеше дека Цеца ѝ е идол, а Цеца ја поддржуваше Јелена, изјавувајќи дека еден ден ќе биде голема ѕвезда.
Но, првиот конфликт се појави кога Цеца јавно ја осуди Карлеуша поради една нејзина „скандалозна“ изјава.

Имено, во едно интервју, Карлеуша кажа:
„Сите сме ку*ви! Не баш во вистинска смисла на зборот, но таму некаде. Умешност е да знаете како да се продадете добро.
Јас се сметам себеси за една од тие врвните ку*ви кои знаат како да се продадат за најдобра можна цена, на највисок начин. Аматерите не го знаат тоа, а и не вредат толку многу“.

Оваа нејзина изјава го навреди Аркан, кој јавно рекол дека „Карлеуша очигледно била пијана или издрогирана“.
Дури и Цеца реагираше на изјавата на Јелена, велејќи дека е разочарана од ставот на нејзината млада колешка.
„Шокирана сум и не можам да го најдам вистинскиот коментар. Многу ми е криво што ја фалев Јелена и ја истакнував како идна пејачка ѕвезда.
Таа, сепак, се одлучи за кариера на „скандалозна девојка“. Популарноста не се стекнува на тој начин.
Ѝ препорачувам, кога ќе зборува во иднина, сè што ќе каже да биде исклучиво во нејзино име, а не во име на сите нејзини колеги“, рече тогаш Цеца.

