Карлеуша велеше дека Цеца ѝ е идол, но почнаа да се мразат - Што ја предизвика најпознатата естрадна „војна“ во Србија?
Подоцна во кариерата Карлеуша се осврна на овој коментар, истакнувајќи дека како 19-годишно девојче имала ужасен конфликт со еден од најсилните луѓе во ’90-тите години.
„На 19 години имав ужасен конфликт со Аркан, кој јавно ме нападна. Тој беше убиец и криминалец, а јас му се спротивставив на многу културен, шизички и храбар начин.
Го кренав гласот против него кога дури и најмоќните луѓе во Србија не можеа да го сторат тоа.
Цеца ми беше идол, мој пример. Но, кога таа и Аркан ме нападнаа, целиот мој свет се сруши“, рекла Јелена.

Во 2010 година, Карлеуша на социјалните мрежи објави отворено писмо во кое подетално зборуваше за конфликтот со Цеца. Таа ја обвини Цеца за смртта на нејзиниот вереник Зоран Давидовиќ - Чанда.
„Кога беше убиен Аркан, седев до Зоран, кој ја побара Цеца за да ѝ изрази сочувство, а таа вресна во слушалката: „Ќе ти се влечат цревата низ Белград!“
Го слушнав тоа затоа што седев до него. Помалку од два месеца потоа, му го разнесоа мозокот“, напиша Карлеуша.

По падот на Слободан Милошевиќ, Цеца имаше проблеми со законот и беше осудена на затвор и домашен притвор, а Карлеуша доживеа голем успех во кариерата и стекна армија обожаватели кои ја поддржуваат и денес.
Токму таткото на Јелена, Драган Карлеуша, кој тогаш бил на висока позиција во полицијата, бил едно од лицата кои ја предводеле акцијата за апсењето на Цеца.

Таа помина повеќе од два месеца во Централниот затвор на Белград, а откако излезе, конфликтот меѓу пејачките се засили.
Во годините што следеа, Карлеуша повремено јавно ја „прозиваше“ својата колешка, нарекувајќи ја „мафијашка“, а велеше и дека Цеца „ги користи своите луѓе од сенка за да плукаат по Јелена наместо неа“.
Поради бројните клевети, двете пејачки со години се тужат една со друга и постојано се на рочишта поради различни тужби.

А. Ј. | Црнобело
