Душко Тошиќ им го прослави роденденот на ќерките на Миконос, а Јелена Карлеуша остана на снимање на „Ѕвездите на Пинк“
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
Душко ужива на Миконос со ќерките Атина (17) и Ника (16), каде на 7-ми септември им го прослави роденденот. Карлеуша и бившиот ја изненадија јавноста со одлуката. Таа остана во Белград поради работни ангажмани.

Пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер, а сега фудбалски менаџер Душко Тошиќ, официјално се разведоа во септември минатата година, а годинава на 7-ми септември не беа заедно на роденденската прослава на нивните ќерки Атина (17) и Ника (16) Тошиќ.
Tие ги добија своите наследнички во бракот кој траеше 16 години.
За жал, по разделбата раздорот меѓу веќе поранешните сопружници со текот на времето само се продлабочуваше.

Карлеуша јавно зборуваше за емоциите што сè уште ги чувствува кон Душко, додека, според нејзините зборови, Тошиќ не чувствувал исто.
Месеците потоа беа проследени со тешки зборови, навреди и меѓусебни провокации, но изгледа дека и Јелена и Душко во последно време малку се смирени, па веќе не се огласуваат јавно за нивниот однос.
Тие годинава донесоа важна одлука во врска со прославата на роденденот на нивните ќерки.
Атина и Ника Тошиќ, кои се родени на ист ден – 7 септември, го прославија својот роденден на Миконос во друштво на татко им Душко, додека нивната мајка поради деловни обврски остана во Белград.


Инаку и Карлеуша сподели фотографија од ќерките на нивниот роденден и напиша:
„На денешен ден ги родив двете мои девојчиња...
Мамините убавици, мамината гордост и паметници...
Мое сè“.

Инаку, Јелена Карлеуша потпиша договор за учество како член на жирито во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“ на телевизијата „Пинк“, приклучувајќи се на останатите членови на жирито на ова популарно шоу.

Карлеуша и сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, јавно го објавија нејзиниот ангажман, нагласувајќи дека овој чекор претставува симбол на помирување и заедничка желба за искоренување на омразата во медиумскиот простор.