Oгњен Амиџиќ го испрати 1-годишниот син во градинка - очекува трето дете од третиот брак, доби нова работна позиција
- Детали
- недела, 14 септември 2025
Откако го испрати во градинка синот во кул стајлинг и откри дека сопругата му е повторно бремена, Огњен за новите работни ангажмани во „Ѕвездите на Пинк“ вели: „Не сакам да се споредувам со Саша Поповиќ“ и додава дека ќе има обврски како неговите во Гранд, односно нема да биде само водител.

Веста дека Огњен и Мина Амиџиќ го очекуваат своето второ дете ја изненади јавноста.
Но, покрај ова тие имаа уште еден значаен момент – тргнувањето во градинка на нивниот син Перун, кој во март годинава наполни една година.


За оваа пригода Мина му избра специфичен стајлинг на Перун со шарен комбинезон со линии, совршено усогласен со капче и чорапчиња.
Гордиот татко Огњен го носеше во прегратка, додека бремената Мина ги фотографираше.

Инаку, љубовната приказна на Огњен и Мина започнала за време на заеднички проект, поточно на снимањето на емисијата „Амиџи шоу“.


На почетокот биле пријатели и соработници, но брзо сфатиле дека меѓу нив постои посебна хемија.

Инаку, Огњен неодамна стана водител и домаќин на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“, а за новата улога за српските медиуми изјави:
„Мене ме повикаа, се договорив со продуцентот, потоа бевме кај Жељко.
Јас нема да бидам само водител, ќе бидам врска помеѓу продукцијата и жирито преку моите водителски задачи.
