Седумпати го оперираше носот, а резултатот е ужасен - Српска водителка исмеана по последната корекција

„Се изобличила, мора да го поправи ова“, „Се гледа ли на што личи?“, „Изгледа ужасно - да го тужи хирургот“, пишуваат на социјалните мрежи, откако Душица Јаковљевиќ се појави во јавноста по последната операција на носот.

sedumpati-go-operirashe-nosot-a-rezultatot-e-uzhasen-srpska-voditelka-ismeana-po-poslednata-korekcija-01.jpg

Српската водителка Душица Јаковљевиќ (43) скоро две децении е меѓу најпопуларните во земјата.

Низ годините водеше многу шоуа, забавни емисии, фестивали и слично, а во јавноста ја следеше епитетот на „откачена, но прекрасна жена“.

Сепак, таа стана мета на потсмев, откако пред неколку дена се појави како водителка на реалното шоу „Елита“.

Наместо на емисијата, повеќето се фокусираа на формата на нејзиниот нос.

@poznate.licnosti12

❤️ #dusicajakovljevic

♬ original sound - 🩶ANTONELLA🩶

Тој е сега спуштен надолу и широк, и воопшто не личи на носот што го имаше до неодамна.

„Душица се изобличила, мора да го поправи ова“, „Се гледа ли на што личи?“, „Изгледа ужасно - да го тужи хирургот“, пишува на социјалните мрежи.

sedumpati-go-operirashe-nosot-a-rezultatot-e-uzhasen-srpska-voditelka-ismeana-po-poslednata-korekcija-02.jpg

Но, таа вели дека е задоволна од резултатот, бидејќи ја средила девијацијата во носот и може да дише нормално.

„Правев операција на носот и таа помина како што помина. Но, јас дишам скоро нормално, па ќе треба да се направи уште една операција.

И сега, луѓето ми пишуваат ‘Еј, крив ти е носот, кога ќе одиш да си го средиш?’.

Па, не, јас навистина не сум забележала дека ми е крив и баш ми е супер што личи како да сум го удрила со тава. Тоа е, не е првпат“ - рекла Душица.

Не е тајна дека Душица направила дури 7 операции на носот. На почетокот тоа било поради девијација, но потоа и затоа што не ѝ се допаѓала формата на нејзиниот нос.

Но, по една од операциите, тој почнал да се спушта надолу, поради што Душица заминала на нова операција, а која дополнително го влошила неговиот изглед.

Погледнете повеќе фотки од водителката низ годините на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Северина на 35 години матура со соучениците и класниот: „Им дојдов како маскота, но сепак ми се раду... „Ова беше прекрасна матурска вечер од 35 години со овие прекрасни мали идиоти, о...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...

Најчитани неделава