Трикот на Анастасија Ражнатовиќ со кој симнува килограми + Кое им е новото омилено друштво со Немања Гудељ?
- Детали
- петок, 19 септември 2025
Aнастасија Ражнатовиќ постојано објавува снимки како тренира во теретана, а на нив таа блеска и без грам шминка. Покрај тренинзите, таа вели дека има своја тајна за фит изглед. Пејачката има и ново друштво кое ѝ е извор на позитивна енергија и го обожава, станува збор за кученцето Реј.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во љубовта веќе неколку години.
Парот се венчаше во 2023. година, а денес живеат во раскошна вила во Севиља.

Неодамна, тие покажаа дека имаат ново омилено друштво.
Се работи за мало кученце, кое не се одвојува од Анастасија и Немања и го носат секаде, иако всушност неговиот вистински сопственик е Вања Гудељ, сестрата на Немања.


Вања (30) е тенисерка и е навистина блиска со Анастасија, а неразделна со својот брат Немања.




Вања изгледа одлично, но и Анастасија Ражнатовиќ е позната по својата беспрекорна фигура, а сега на Инстаграм стори покажа дека тоа, покрај на добрата генетика, тоа се должи и на напорните тренинзи.
