Трикот на Анастасија Ражнатовиќ со кој симнува килограми + Кое им е новото омилено друштво со Немања Гудељ?
Таа често споделува снимки од теретаната, а нејзините следбеници можат да видат дека ретко пропушта вежбање – дури и кога е поспана и уморна.

Анастасија во една пригода откри дека во минатото имала проблеми со вишокот килограми, но благодарение на промената во исхраната и вежбањето успеала да симне килограми.

„Избегнував нездрави намирници и се трудев да не прескокнувам оброци. Најчесто јадам варени јадења, а избегнувам брза храна.
Ако се почестам со нешто слатко, веднаш одам на тренинг за да согорам калории“.
На последните објави од теретаната, пејачката го покажа и своето лице без шминка, а комплиментите за нејзиниот изглед само се нижат, а следбениците заклучуваат дека изгледа одлично и во сосема природно издание.




С. С. | Црнобело