Во 2018-та беше клинички мртов, сега пак направи сообраќајка - Дарко Лазиќ удрил во автобус, го ваделе пожарникари
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
Дарко Лазиќ ноќеска, околу 1 часот по полноќ имал тешка сообраќајна несреќа во Белград, во која се повредени тој и неговата сопруга Катарина. Пејачот возел со голема брзина и удрил во автобус, по што се забил во банкина.

Српскиот пејач Дарко Лазиќ ноќеска повторно имаше тешка сообраќајна несреќа, која се случила во близина на белградска Арена.
Тој возел по автопатот со голема брзина кога удрил во автобус кој излегувал од постојката.
По ова, се забил во банкина - неговиот џип е скоро целосно уништен, исто како и задниот дел од автобусот, но за среќа, возачот на автобусот не е повреден.
Сопругата на Дарко, е со полесни повреди и пренесена во болница, додека пејачот бил заглавен во возилото, поради што морале да го вадат пожарникари.
Тој е пренесен на ВМА, каде што му се направени анализи, земена му е крв за да се утврди дали пиел алкохол. Снимена му е и главата, бидејќи се жалел на силни болки.
Според српските медиуми, тој е свесен и веќе разговарал со полицијата, а рано утрово е пуштен од болница.

Според очевидци, сударот бил страшен, а една гума од џипот на Дарко се откачила и со голема брзина летала 70-тина метри нанапред.
Пред несреќата, Дарко и сопругата биле на промоција на новата песна на Тијана Матиќ, а неколку медиуми објавија видеа како Дарко пристигнува на забавата и излегува со огромен букет цвеќе.
