Дарко Лазиќ возел со 1,9 промили алкохол во крвта, претходно изјавил дека не пиел - Нови детали за сообраќајката

Иако пред несреќата Лазиќ изјавил дека „тој го испил своето“, во јавноста кружи видео на кое се гледа како пие, но и гласини дека пред несреќата имал жестока расправија со сопругата. 

darko-lazikj-vozel-so-1-9-promili-alkohol-vo-krvta-prethodno-izjavil-deka-ne-piel-novi-detali-za-soobrakjajkata-01.jpg

Српскиот пејач Дарко Лазиќ ноќеска имаше тешка сообраќајна несреќа во Белград, откако со својот џип удри во автобус, по што пожарникари морале да го извлечат од смачканото возило.

Пејачот беше пренесен на ВМА, каде што му се направени испитувања, а потоа разговарал со полицијата и утрово е пуштен дома.

darko-lazikj-vozel-so-1-9-promili-alkohol-vo-krvta-prethodno-izjavil-deka-ne-piel-novi-detali-za-soobrakjajkata-02_copy.jpg

Со него во автомобилот била и сопругата, која поминала со помали повреди.

Сега во јавноста се појавија нови детали за страшната сообраќајка, која е трета на Лазиќ, откако во 2018-та за малку ќе загинеше и помина 23 дена во индуцирана кома.

darko-lazikj-vozel-so-1-9-promili-alkohol-vo-krvta-prethodno-izjavil-deka-ne-piel-novi-detali-za-soobrakjajkata-03.jpg

Според српските медиуми, пејачот претходно тврдел дека не пие, дури и изјавил дека тој „одамна си го испил своето“.

Сопругата Катарина, пак, рекла дека „Дарко е одличен шофер и дека не се плаши да се вози со него“.

Но, анализите направени во болницата покажале дека тој има 1,9 промили алкохол во крвта, а дека тестот за наркотици бил негативен.

Овие анализи му биле направени по службена должност, заедно со тест на урината, бидејќи Лазиќ е предизвикувач на несреќата.

Пејачот, наводно, со себе немал ни важечка возачка дозвола.

По ова, во јавноста беше објавено и видео на кое се гледа како тој се забавува и пие на промоцијата на новата песна на Тијана Матиќ, од каде и се враќал кога удрил во автобусот.

darko-lazikj-vozel-so-1-9-promili-alkohol-vo-krvta-prethodno-izjavil-deka-ne-piel-novi-detali-za-soobrakjajkata-04.jpg

Мондо.рс пишува дека пред сообраќајката, Дарко имал жестока расправија со сопругата Катарина, по што нагло додал гас.

Тој, пак, вели дека изгубил контрола над автомобилот поради лизгавиот коловоз во Белград.

Прочитајте и Во 2018-та беше клинички мртов, сега пак направи сообраќајка - Дарко Лазиќ удрил во автобус, го ваделе пожарникари

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...
Сопругата (49) на Тарик Филиповиќ блеска на одмор во Хрватска - повљубени се од кога било, по роденд... Парот во 2008 година го доби синот Арман, кој неодамна стана полнолетен. Но, Тар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg