Српска инфлуенсерка за промената на полот: „Ми требаа 6 месеци за да се навикнам на половиот орган“
- Детали
- вторник, 30 септември 2025
„Во декември ќе поминат точно две години откако хируршки го променив полот. Родена сум како маж, во погрешно тело. По операцијата, сè изгледаше грдо во интимната зона, како да се случил некој злостор. По една година сè дојде на свое место“, споделува Николина Ковачевиќ од Србија, која е родена како Његош.

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош, а за променатa на полот одлучи подетално да зборува сега, речиси две години по операцијата.

Николина првпат отворено споделува низ што поминала и како се навикнала на новото тело.
Таа има 40.000 следбеници на Инстаграм и со нив споделува детали од секојдневието.

Нејзината исповед:
„Во декември ќе поминат точно две години откако хируршки го променив полот. Родена сум како маж, во погрешно тело.
Затоа оваа операција ми беше многу потребна за да бидам среќна.

Фала му на Бога, немав никакви компликации со операцијата, кај мене сè беше во најдобар ред.

Закрепнувањето траеше кратко. Веќе на 15-тиот ден по операцијата бев во кафеана.
Инаку, еден месец е потребен за нормално функционирање, а шест месеци за да почнете нормално да живеете и да го прифатите вашиот полов орган.

Треба да научите како да се справувате со него, бидејќи тоа е нова работа на вашето тело и чувствата се нови. Сè е поинаку.
Ми требаа шест месеци за целосно да се навикнам, а по една година целосно закрепнав.
