Српската пејачка Марија Микиќ среде скандал, со автомобил се упатила кон луѓе што протестираат - за да си ги земе децата
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
„Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат. Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам да ја прегазам. Тогаш полудев затоа што тоа не е вистина. Еден човек ми рече: ‘Сега ти текна да одиш по децата...“, вели Марија Микиќ во своја одбрана, откако стана мета на критки за однесувањето.

Српската пејачка Марија Микиќ, по гласините за развод, повторно се најде во медиумите, овојпат поради нејзиното, според многумина несовесно, однесување кога со автомобил се упатила кон луѓе што протестираат во Белград.
Протестите во Белград и блокадите траат веќе извесен период.

И покрај блокадата на улицата и поставените контејнери, на социјалните мрежи на снимката се гледа како таа со автомобил се обидува да помине низ барикадите што биле поставени за да се блокира една од улиците на Бежаниска коса.
Жителите на Бежаниска коса се приклучиле на блокадите што се поставуваат веќе извесен период низ цел Белград.
Граѓаните што биле на улицата ја предупредиле дека станува збор за блокада, но таа сепак ги заобиколила контејнерите.
Тој потег наиде на бурна реакција кај граѓаните, кои се собрале околу нејзиниот автомобил и врескале по неа.

Марија потоа излегла од автомобилот за да се соочи со нив.
По инцидентот Марија откри дека добила куп навредливи пораки и по тој повод се огласи за целиот настан.
Погледнете ја ситуацијата:
Во нејзиното обраќање пишува:
„Им благодарам на моите пријатели и познаници за убавите зборови и поддршката. Тие знаат која сум јас и каква ми е душата.
Воспитувана да бидам културна и љубезна, секогаш и со секого, но кога се работи за деца, не отстапувам.
Ова не е прашање на политика, туку прашање дали си човек или нечовек. Нема повеќе да се огласувам затоа што ја знам вистината и како беше.
На сите ви посакувам добро и да гледате со срце, а не со омраза“.
