Српска инфлуенсерка за промената на полот: „Ми требаа 6 месеци за да се навикнам на половиот орган“
По операцијата, сè изгледаше грдо во интимната зона, како да се случил некој злостор.
По една година сè дојде на свое место.

Одев двапати дневно на дилатација, проширување на каналот бидејќи природно не постоел.
Подоцна тоа стана поретко, а како што брзо се собира, така брзо и се проширува. За среќа, и тоа помина одлично.

Операцијата многу влијаеше и на мојот љубовен живот.
Пред операцијата не го сакав своето тело и не сакав никој да го гледа. Не се оперирав за да им се допаднам на мажите, туку за да бидам среќна со самата себе.

Денес кога се гледам, го обожавам своето тело и обожавам да носам хеланки и бикини. Да можам да го вратам времето, сè би направила исто – само малку порано.
Ова навистина ми го смени животот на подобро“.

Инаку, Николина уште во детството сонувала за промена на полот.

Стара фотографија од Николина од времето кога сè уште била Његош:

С. С. | Црнобело