Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
„За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам дека тоа е единствената тајна на мојот добар изглед“, вели модната дизајнерка Маријана Матеус, една од најзгодните Србинки, која прослави роденден во Истанбул.

Српската модна дизајнерка Маријана Матеус неодамна го прослави својот 54-ти роденден, а сега објави фотографии од роденденската прослава и, како и секогаш, воодушеви со изгледот.
Таа е неверојатно фит и без грам целулит и на 54 години.

Инаку, Маријана е позната по раскошниот животен стил, скапите модни додатоци од по десетици илјади евра, како и патувањата со приватен џет и што уште не.

На само 17 години Маријана ја започнала врската со 17 години постариот Миодраг Костиќ. Со него добила 3 деца, а по разводот се омажи за германскиот фудбалер Лотар Матеус, а по разводот со него уште го користи неговото презиме.

Живее на релација Белград – Будимпешта – Лондон и се смета за една од најбогатите Србинки.
Инаку, неодамна Маријана прво го прославила роденденот на брод во Истанбул, а потоа со пријателите славеле во еден клуб до раните утрински часови.


Нејзините долги нозе и овојпат се во прв план, а Маријана го надополни изгледот со црвен кармин и обетки.

Во една пригода, таа за српските медиуми ја откри тајната на својот изглед:
„Со спорт се занимавам од мали нозе и се трудам секогаш кога имам време да вежбам.
За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам дека тоа е единствената тајна на мојот добар изглед.

Ништо не доаѓа само по себе. Веќе со години строго внимавам на исхраната и речиси секој ден вежбам, најмногу 45 минути.
Појадокот ми е најважен и се трудам никогаш да не го прескокнувам.

