Хана Хуљиќ проговори за честите патувања на Петар Грашо и мајчинството: „Сè е постабилно кога тој е дома“
- Детали
- недела, 12 октомври 2025
„Навистина не му е тешко патувањето за концертите на Петар, тој го сака тоа што го прави, го поддржувам колку што може да биде дома, толку, плус кога е дома, тој секогаш е тука за нас“, вели Хана Хуљиќ за сопругот Петар Грашо.

Хана Хуљиќ Грашо за хрватските медиуми проговори за мајчинството и сопругот Петар, за време на еден настан, нешто што ретко се случува.
Музичарката обично е приватна и не сака да биде многу дел од јавниот живот.

Најголема поддршка на Хана е сопругот Петар Грашо, кој и покрај семејните обврски, не ја намалува концертната активност.

Таа за него и за мајчинството вели:
„Навистина не му е тешко патувањето за концертите на Петар, тој го сака тоа што го прави, го поддржувам колку што може да биде дома, толку, плус кога е дома, тој секогаш е тука за нас и кога тој е тука, сè е постабилно и со децата сè е посмирено“.

На прашањето како се однесува нејзината 3-годишна ќерка Алба кон нејзиниот помлад брат Тони, Хана вели:
„Таа го сака, ама понекогаш го прегрнува малку пресилно, па мора постојано да внимаваш, но ќе биде љубов за неколку години...

Инаку, Алба повеќе личи на Петар, а Тони повеќе на мојата страна на фамилијата.

Во секојдневието најмногу ми помага мајка ми. Дури и Алба на прашањето во кого си вљубена, одговара: 'Во баба'.

Штом ќе станеш родител, разбираш дека треба да не се оптоваруваш со некои работи со кои гледаш дека луѓето се оптоваруваат, живееш за своето семејство и радоста во семејството и само тоа ти е важно“.





С. С. | Црнобело