Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, гледам цртани“
- Детали
- петок, 17 јули 2026
„Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се дружевме, а Алба, секако има 3 години и нема поим за ништо, мисли дека е нормално што познатите доаѓаат кај нас. Здравко почна нешто да пее, а таа само излезе и рече ‘Те молам престани да пееш, гледам цртан филм!’“ - Петар Грашо раскажа анегдоста за ќеркичката Алба.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ имаат две деца, ќерката Алба и синот Тони, кој е крстен по дедото на Грашо, а истото име го планирала и Данијела кога беше во врска со него.
Во една прилика, во интервју за CRNOBELO.com пејачот раскажа дека всушност бил во Охрид кога дознал дека сопругата се пораѓа.
„Јас бев во мало бунило, под стрес, веднаш седнав во автомобилот па возев 2 часа до Скопје, таму чекав авион, па летав до Загреб, па пак влегов во автомобил и возев до Сплит. Тој ден непланирано патував 10 часа.
Се сеќавам, беше 11 навечер кога дојдов во болницата. Таму, во тивкиот ходник ме пречекаа сестрите ѝ ми кажаа дека сè поминало одлично“ – изјави тој.
Сега, во гостување во друга емисија, Грашо сподели забавна анегдота за ќеркичката Алба, која неодамна наполни 3 години.
Со оглед на тоа што расте во музичко семејство, за неа е сосема нормално во нивниот дом да се појавуваат големи ѕвезди од естрадата, но тоа не го доживува како нешто посебно.
Токму така настанала една интересна случка, која сигурно ќе ве насмее, а ја раскажува Петар низ смеа:
„Таа мисли дека е нормално тоа што сите што ни доаѓаат дома се познати.
Здравко Чолиќ беше пред неколку месеци, Јелена Розга доаѓа, Нина Бадриќ има дојдено... неа тоа ѝ е сосема нормално.
Не разбира дека тие луѓе, кои се и на телевизија, не се нешто вообичаено.
Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се дружевме, а Алба, секако има 3 години и нема поим за ништо.
Здравко почна нешто да пее, а таа само излезе и рече ‘Те молам престани да пееш, гледам цртан филм!’.
А јас го обожавав Здравко кога имав 4 години, тој ми беше Бог, па му велам – Да ми пееше на мене на 4 години дома, јас ќе умрев, а види го ова мало дерле те брка, не знае...

Но слатко беше во секој случај.
Нема да ја тераме дека мора да биде ништо што не сака, но за она кон што ќе се определува дека го сака, ќе ја научиме дека мама и тато секогаш ќе бидат тука до одредена мера да бидат мал ветер во едро, но нема да бидеме едро“.
Погледнете го видеото со извадок од гостувањето:
М. М. | Црнобело