Ја запросил на првата средба, заради нејзината болест имаа само 1 дете - Љубовта на Халид Бешлиќ и сопругата траеше 48 години
Кога се венчаа во 1977 година, Сејда даде отказ од работа и одлучи да го посвети својот живот на семејството.
Од нивната љубов се роди синот Дино. За жал, не можеа да имаат повеќе деца, и тоа секогаш ги мачело.
Но, на Сејда одамна ѝ бил дијагностициран рак на јајниците, а по операцијата дознала дека веќе нема да може да има раѓа.
„Имаше проблеми со јајниците и затоа не можевме да имаме повеќе деца. Имаше тумор на јајниците, го решивме тоа со операција, но останаа тоа како последица.
На сопругата и синот никогаш ништо не им недостигаше… Јас постојано патував, работев.
Не можеш да се занимаваш со музика и постојано да си дома, па затоа не ги чувствував тие моменти на вистинскиот начин“, изјавил Халид во една емисија.
За време на нивната 48-годишна љубовна приказна, Халид и Сејда поминаа низ бројни предизвици, подеми и падови.
Еден од најтрауматските периоди беше кога Халид го изгуби видот на едното око во тешка сообраќајна несреќа во 2009 година.
Пејачот подоцна изјави дека сопругата му била најголема поддршка во тие тешки моменти.
Во последните години, беа најсреќни покрај своите внуци, кои ги добија од синот Дино и снаата Махира.

Во 2014 година Халид стана дедо, па изјави:
„Секој ден поминувам барем два или три часа со нив. Живеам во стан до мојот син, одделен со ѕид.
Наутро, обично одам кај нив на кафе, а потоа внуците доаѓаат и скокаат врз мене.
Тие зборуваат, трчаат и прават секакви работ. Можат да прават сè, дури и да ми се качат на глава“.
Халид и Сејда останаа заедно до неговата смрт.
Наводно, кога дознала дека Халид веќе го нема, Сејда само рекла: „За кратко ќе дојдам кај тебе“.
Прочитајте и „Стигнав да се збогувам, му пеев тивко наша песна“ – Дино Мерлин и колегите емотивно се збогуваат од Халид Бешлиќ
А. Ј. | Црнобело