„Стигнав да се збогувам, му пеев тивко наша песна“ – Дино Мерлин и колегите емотивно се збогуваат од Халид Бешлиќ

Дино Мерлин сподели емотивна објава за последната средба со Халид, една дождлива октомвриска вечер, а Марија Шерифовиќ напиша: „Престана да чука музичкото срце на Босна и Херцеговина. Халиде, нека ви е вечна славата и благодарам за секоја скршена чаша и пуштена солза“. Колегите се збогуваат од Халид Бешлиќ. 

stignav-da-se-zboguvam-mu-peev-tivko-nasha-pesna-dino-merlin-i-kolegite-emotivno-se-zboguvaat-od-halid-beshlikj-01.jpg

Денес регионот го погоди тажна вест за смртта на босанскиот пејач и легенда на народната музика, Халид Бешлиќ.

Тој почина на 71 година, по борба со сериозни здравствени проблеми,  а последните денови ги минуваше на одделот за онкологија во Сараево.

Зад себе, Халид ја остави својата сопруга Сејда, која наводно исто така е во болница, како и синот кој го има со неа.

Но, она што засекогаш ќе трае е неговото богато музичко наследство и песните кои се пеат низ многу генерации.

Колегите од естрадата се збогуваат од Бешлиќ на социјалните мрежи со емотивни објави:

Дино Мерлин

„Големиот, неповторлив Халид Бешлиќ. Топла душа босанска. Без корист за себе. Стигнав да се збогувам. Дождлива, октомвриска, сараевска ноќ. Му ја пеев тивко нашата песна. Како благо да се насмевна во тој момент. Си мислев: Патувај бела птицо, ти имаш со што пред Господарот. Те сакам многу. Твој Дино“.

stignav-da-se-zboguvam-mu-peev-tivko-nasha-pesna-dino-merlin-i-kolegite-emotivno-se-zboguvaat-od-halid-beshlikj-02.jpg

Жељко Самарџиќ

„До крајот на животот беше човечка грамада и бескрајно почитуван колега. Спокој на душата! Сочувство до семејството и искрените пријатели“.

Сека Алексиќ

„Патувај со ангелите, драг Халид“.

stignav-da-se-zboguvam-mu-peev-tivko-nasha-pesna-dino-merlin-i-kolegite-emotivno-se-zboguvaat-od-halid-beshlikj-03.jpg

Марија Шерифовиќ

„Престана да чука музичкото срце на Босна и Херцеговина. Халиде, нека ви е вечна славата и благодарам за секоја скршена чаша и пуштена солза. Искрено сочувство до семејството“.

Screenshot_2025-10-07_154615.jpg

Илма Карахмет

„Отиде гласот на Босна, но не и неговата песна. Ти благодарам Халид, што беше светло и поддршка на многумина од нас. Твоите ноти засекогаш ќе одѕвонуваат во нашите срца“.

stignav-da-se-zboguvam-mu-peev-tivko-nasha-pesna-dino-merlin-i-kolegite-emotivno-se-zboguvaat-od-halid-beshlikj-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Живееше гламурозно, се лечеше од пороци и се пресели на село со штала: Што прави Ивана Банфиќ, која ... Пред 20 години ја отпеа „Godinama“ со Дино Мерлин, живееше гламурозно во штикли ...
Дуа Липа настапи во Приштина - Со згодниот татко испеаја дует и ја кренаа публиката на нозе (видео) Пејачката во бел сценски костим, а татко ѝ (кого го нарекуваат сребрена лисица п...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...

Најчитани неделава