Почина Халид Бешлиќ (71), легендата на босанската севдалинка

По долго боледување, утрово во Сараево почина Халид Бешлиќ, легендата на народната музика и босанските севдалинки.

pochina-halid-beshlikj-legendata-na-bosanskata-sevdalinka-01.jpg

Во последните месеци Башлиќ (71) се бореше со сериозни здравствени проблеми, а според некои медиуми, тој бил сместен на одделот за онкологија во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Роден е на 20 ноември 1953 година во селото Кнежина, и за многумина Бешлиќ беше повеќе од пејач - тој беше гласот на Босна и Херцеговина, извор и на меланхолија и на надеж.

Ја започна својата кариера кон крајот на 70-тите години, и од неговите песни ќе се паметат Vraćam se majci u Bosnu, Prvi poljubac и Miljackа, кои станаа химни на љубовта, тагата и домот.

Неодамна беше објавено дека освен Бешлиќ, и неговата сопруга Сејда е во болница и дека е сериозно болна.

Парот има еден син.

Во продолжение дел од неговите најпопуларни песни:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...

Најчитани неделава