Живееше гламурозно, се лечеше од пороци и се пресели на село со штала: Што прави Ивана Банфиќ, која ја отпеа „Godinama“ со Мерлин?
- Детали
- понеделник, 25 мај 2026
Пред 20 години ја отпеа „Godinama“ со Дино Мерлин, живееше гламурозно во штикли и фустани, па се лечеше од алкохолизам, спас пронајде во Индија, на крај се премажи и се преселија во село во куќа од глина, каде чистеше штали, чуваше животни и уживаше во мирот – Што прави и како изгледа Ивана Банфиќ?

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ, во 90-тите години беше во екот на славата.
Во тој период, таа го отпеа својот најголем хит „Godinama“, во дует со Дино Мерлин, кој ден-денес се пее, но таа одеднаш исчезна од јавноста и се посвети на мирен живот.
Таа беше во брак со менаџерот Роберт Магиќ, со кого се разведе по 12 години, по што утеха пронашла во алкохолот.
За среќа, брзо сфатила дека има проблем и започнала со лечење на клиника во 2005 година, а подоцна спасот го пронашла и во посетата на Индија, каде духовно се излечила и целосно се променила.
„Таму ми се случи личен раст. Таа земја целосно го сруши моето его на размазена ѕвезда во кој полека почнував да се претворам.
Тоа патување во Индија ме спушти на земја, сфатив дека не сум ништо посебно, дека не сум никаква дива“ – изјавила своевремено пејачката.
Подоцна таа стапи во брак со вториот сопруг Крун Ладишиќ, со кого има син тинејџер, а заедно решија да го променат животот од корен и да живеат на село.
„Одлуката беше моја и на мојот сопруг. Почувствувавме дека градот нè меле. Ја сакаме природата, бубачките, птиците, сакам да прегрнувам дрвца.
Тоа беше вистинско животно искуство. Научив да цепам дрва, научив кои печурки не се отровни, можам да преживеам каде било.
Можам да спијам и на трева и во вила со 5 ѕвезди и ќе ми биде исто. Сакав да видам како живеат луѓето на село, а не да сум опкружена со естрада.
На почетокот соседите кружеа околу мојата куќа да видат дали сум навистина јас. Кога ме видоа во гумени чизми како фарбам ограда се шокираа.
Сега се навикнати и прекрасни се“ – пишува српски Blic.

Ивана повеќепати има зборувано дека е благословена што живее на село во куќа од слама и глина, дека ужива да се занимава со градината, да биде извалкана во кал, со црни нокти, опкружена со природа и животни, во лежерна облека и без шминка.


„До одлуката да се преселам, 20 години живеев само на штикли и во тесни фустани и бев сопственост на медиумите, секогаш морав да бидам убава. Одлучив дека сум убава и природна“ – изјавила таа.
Во медиумите имаше информации дека по земјотресите во Хрватска пред неколку години, таа ја напуштила куќата, но не е познато каде точно живее моментално, бидејќи во последните години почесто се појавува и на музички настапи.
М. М. | Црнобело