Дуа Липа настапи во Приштина - Со згодниот татко испеаја дует и ја кренаа публиката на нозе (видео)
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
Пејачката во бел сценски костим, а татко ѝ (кого го нарекуваат сребрена лисица поради проседата коса) во кожени панталони и бела маичка - направија вистинско шоу во Приштина со само една песна.

Светската ѕвезда Дуа Липа викендов одржа концерт во Приштина, на Sunny Hill Festival, летниот музички фестивал кој се организира трета година по ред.
Таа одржа светски концерт пред неколку илјади луѓе, кои не престанаа да пеат со неа.

Но, најголемата еуфорија се случи кога на сцената се појави нејзиниот татко Дукаѓин (Дуги) Липа, со кого заедно испеаја позната албанска песна.
Таа во бел сценски костим, тој во кожени панталони и бела маичка, направија вистинско шоу со само една песна.

Згодниот татко на Дуа, кого на нарекуваат и „сребрена лисица“ поради проседата коса и сексапилниот изглед, е организатор на фестивалот.
А токму тоа го нагласи и пејачката во нејзината објава по концертот, каде што сподели фотки и видеа.

„Овој фестивал е нешто што јас и моето семејство го создадовме со толку многу љубов кон нашиот град Приштина и да го видам како оживува вака е повеќе од она што можев да сонувам.
Да ја споделам оваа ноќ со сите вас, во градот што ме обликуваше, опкружен со толку многу енергија, радост и гордост… тешко е да се опише со зборови што значи тоа.

Да настапувам за вас и да ја споделувам сцената со мојот татко, е момент што никогаш нема да го заборавам.
Се чувствувам неверојатно среќна и благодарна“, напиша таа на Инстаграм.

Погледнете видео од нивниот настап:
А. Ј. | Црнобело