Ја запросил на првата средба, заради нејзината болест имаа само 1 дете - Љубовта на Халид Бешлиќ и сопругата траеше 48 години

Наводно, кога дознала дека Халид веќе го нема, сопругата со која беше 48 години заедно, само рекла: „За кратко ќе дојдам кај тебе“.

ja-zaprosil-na-prvata-sredba-zaradi-nejzinata-bolest-imaa-samo-1-dete-ljubovta-na-halid-beshlikj-i-soprugata-traeshe-48-godini-01.jpg

Кралот на севдалинките, босанскиот пејач Халид Бешлиќ, почина по долго боледување на 07.10 на 71 година во болница во Сараево.

Тој последните недели ги помина хоспитализиран на одделот за онкологија, а покрај него до последниот миг беше сопругата Сејда, најважната личност во неговиот живот.

Токму неа ѝ ја посвети својата последна песна, Raduj se, tugu meni ostavi, a која беше објавена само неколку дена пред неговата смрт.

„Уште си млада како некогаш, Сејда. Сè уште си убава како на денот кога изгради гнездо покрај мене, кога ми го даде своето срце. Радувај се, тагата остави ми ја мене“, гласи дел од текстот на песната.

Халид и Сејда се запознале кон крајот на 1970-тите, кога пејачот бил на почетокот на својата кариера и ги снимил првите песни.

Сејда, пак, во тоа време, работела во фабрика за чоколадо.

Халид првпат ја видел на прославата на 8-ми март, па на шега ѝ предложи брак.

Но, подоцна се покажа дека тоа воопшто не е шега, а тие се венчале бргу потоа, по само шест месеци врска.

„Не ја запознав сопругата на настап. Но, во една кафеана каде што пеев, на влезот во Сараево, работеше мојата снаа, беше готвачка и таа ме запозна со сопругата.

Сејда не излегуваше по кафеани. Кога се запознавме, видов дека е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме.

Толку години сме заедно, а функционираме до ден-денес. Имаше тешки години во нашата врска, но сè надминавме.

Кога бевме помлади, тоа беше некако нормално“, рече во една пригода пејачот.

ja-zaprosil-na-prvata-sredba-zaradi-nejzinata-bolest-imaa-samo-1-dete-ljubovta-na-halid-beshlikj-i-soprugata-traeshe-48-godini-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава