Лепа Брена, Карлеуша: Какви „каприци“ имаат најголемите балкански ѕвезди пред настапи?

И додека Џеј Ло побарала дополнителни 9 соби за пресоблекување во хотелот каде била сместена пред настап, регионалните ѕвезди се многу поскромни. Сепак, на врвот на листата по разгаленост е Карлеуша, а по неа Дино Мерлин. Кој бара тон овошје, а кој само алкохол?

lepa-brena-karleusha-kakvi-kaprici-imaat-najgolemite-balkanski-dzvezdi-pred-nastapi-01.jpg

Светските ѕвезди неретко имаат необични и ексцентрични барања пред големите концерти, па така бараат приватни авиони, луксузни хотели, обезбедување и други работи за нивните потреби.

Очекувано, регионалната естрада е далеку поскромна во тој поглед, но сепак ѕвездите со најголеми хонорари како Лепа Брена и Здравко Чолиќ сепак имаат некакви свои каприци, односно барања.

Драгана Мирковиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Здравко Чолиќ, иако спаѓаат меѓу најуспешните изведувачи на нашите простори, се прилично скромни кога станува збор за барањата, па од организаторите бараат само многу флаширана вода.

Сепак, Чолиќ понекогаш сака во бекстејџ да му се донесе ладно пиво, но ништо повеќе од тоа.

Милица Тодоровиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Андреана Чекиќ и други, кога настапуваат во странство задолжително се одмараат во хотелска соба пред настапот, па бараат комфор.

Од друга страна, Џани и Дарко Лазиќ најмногу бараат да им се донесе алкохол во хотел или бекстејџ, бидејќи секогаш сакаат да бидат опуштени и расположени пред настап.

Единственото што Лепа Брена го бара на настапите е овошје и тоа што посвежо. Таа смета дека витамините ѝ се потребни за имунитет и енергија, па пред концерти има навика да изеде свежо овошје.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Лепа Брена: „Се чувствувам светски затоа што можам да одам каде било - Боба не ми забранува ништо“ „Важно е да имате вистински партнер во животот... Боба и јас сме компатибилни, и...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg