Лепа Брена, Карлеуша: Какви „каприци“ имаат најголемите балкански ѕвезди пред настапи?
Сепак, не се сите естрадни ѕвезди толку скромни.
Меѓу најпребирливите изведувачи се Јелена Карлеуша и Дино Мерлин.
Во високите барања дефинитивно на пиедесталот е Јелена Карлеуша.
Пред неколку години, за учество на еден познат српски фестивал, на листата на барања на Карлеуша се нашле: десет килограми непрскани јаболка, три пакети вода од одреден бренд, грицки (без глутен).
Според пишувањата на српските медиуми, врв на нејзината листа бил папагал или некоја поголема егзотична птица, но за тоа нема официјална потврда и дали било поради потребите на самиот настап.
Дино Мерлин исто така има потреба од посебен третман.
Најважен за него е мирот, бидејќи не сака никој да го вознемирува неколку часа пред големите концерти.
Бара и удобност, па му е важно апартманот каде што престојува да нуди услови како дома.
Прочитајте и Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“: „Некои ѕвезди бараат шоферот да не ги гледа в очи“
С. С. | Црнобело
