„Шета низ дома како да умира, а само кива“ - Сопругата на настинатиот Андрија Милошевиќ со хит објава
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Кива, без температура, шета по дома како да умира и тоа кога ќе собере сила да стане од кревет. Криците се многу драматачини“ - напиша Александра Томиќ и објави фотографија од својот настинат сопруг.

Александра Томиќ, сопругата на актерот Андрија Милошевиќ ги насмеа своите следбеници, но и јавноста, откако на Инстаграм Стори сподели фотка од актерот, кој лежи болен во кревет.

Андрија, кој вообичаено е насмеан, има фаца како „да му потонале сите бродови“.
„Кива без температура, шета по дома како да умира и тоа кога ќе собере сила да стане од кревет. Криците се многу драматачини“ - напиша таа, опишувајќи како изгледа нејзиниот болен сопруг.

Освен со коментарот, Александра ја насмеа јавноста и со изгледот на Андрија, кој делува поинаку со портокалово-жолтата коса, а која ја бојосува така веќе некое време поради улога.

Парот е во љубов десетина години, а во февруари 2025 го добија синот Реља, за кој двајцата велат дека е нивниот свет.
А. Ј. | Црнобело