Ѝ беше најголема поддршка кога се бореше за синовите, веќе една година не разговараат - Тања Савиќ во кавга со сестра си
- Детали
- недела, 09 ноември 2025
Откако пред многу години Тања Савиќ призна дека не разговарала со сестра си поради влијанието на бившиот сопруг, тие сега се повторно во кавга - Тања и Билјана не комуницираат цела година.

Во времето кога бившиот сопруг на Тања Савиќ ѝ ги зеде синовите и не ѝ дозволуваше комуникација со нив, српската пејачка знаеше да изјави дека сестрата Билјана ѝ е најголемата поддршка.
Таа ја тешеше, ја советуваше, беше постојано покрај неа.

Но, српските медиуми сега пишуваат дека сестрите кои некогаш беа многу блиски и нераздвојни, сега веќе не разговараат.
Според нив, Тања и Билјана се во кавга повеќе од една година, а доказ за тоа е и што Билјана не била ни на последниот концерт на Тања во белградска Арена, ниту, пак, на нејзината роденденска прослава.

Наводно, Билјана пред некое време сакала да се смири со сестра ѝ, но нејзините обиди биле залудни.
Причината за долгата заладеност на односот меѓу нив, е партнерот на Тања, Мухамед Бесиќ - Муки.

Прочитајте и Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото)
Проблемите меѓу сестрите почнале неочекувано, и тоа во моментот кога Тања почнала да прави планови за заеднички живот со својот 10 години помлад партнер, а кој е пилот.
Нивната свршувачка, дополнително ги разгорела проблемите меѓу сестрите.
