Ѝ беше најголема поддршка кога се бореше за синовите, веќе една година не разговараат - Тања Савиќ во кавга со сестра си
За српски „Телеграф“ Билјана не сакала да ја коментира расправијата, туку изјавила:
„Што да ви кажам? Јас не сум позната личност. Така што, прашајте ја Тања за сите детали“.

Наводно никој од семејството не сака да им се меша во кавгата и оставаат сами да си ги решат проблемите кога ќе дојде време за тоа.
Инаку, ова е втора ваква голема караница меѓу двете девојки.

Тие долго време не разговарале и додека Тања била во брак со првиот сопруг Душан Јованишевиќ.
Токму тој ја убедил пејачката дека треба да престане да контактира со сестра ѝ.

Подоцна во едно интервју, Савиќ рече:
„Успеа да ме скара со родената сестра, не разговаравме една година. Ми велеше дека таа има лошо влијание на мене, а мојата сестра е ангел.
Ми зборуваше и дека родителите само ги сакаат моите пари, а всушност, зборуваше за себе“.

Инаку, Билјана не сака да се експонира, а се појавуваше во јавноста само на важни настани поврзани со животот и кариерата на Тања.
Тие две многу личат една на друга, а според нивни блиски, имаат и сличен карактер, што е причина плус за држењето лутина.

А. Ј. | Црнобело