Хит реакција на Наташа Беквалац кога бившиот Владо Георгиев излезе да пее – срамежливо и шармантно се смее (видео)
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
Беа во кратка романса на почетокот на 2000-тите, а тој ѝ ја посвети песната „Lažljiva“ - сега таа срамежливо се смешка на забава каде на сцената излезе нејзиниот бивши Владо Георгиев и запеа. „Има ли некој со кого не била во врска“ - се шегуваат фановите во коментари.

Наташа Беквалац присуствуваше на настан во Белград, каде беше собран кремот на домашната естрада, а таа заблеска во необично издание.

Облечена во црни панталони и кроп-топ со гламурозна наметка и црн чокер околу врат, искомбинирано со уникатна фризура со шишките преку око, пејачката покажа дека секогаш остава впечаток со модните појавувања.
Но, освен нејзиниот стајлинг, на социјалните мрежи е поинтересна заради видео на кое е снимена нејзината реакција на Владо Георгиев, кога излегува на сцена да запее.
Додека тој пее, таа разговара со пријателите, но и се смее и на моменти има срамежливи погледи.

Нејзината реакција е хит на социјалните мрежи, а фановите пишуваат: „Има ли уште некој што не ѝ е бивши?“
Погледнете го видеото:
Инаку, Наташа и Владо беа во кратка романса на почетокот на 2000-тите години, кога тој беше продуцент на нејзин албум.
Никогаш јавно не ја потврдија врската, но се верува дека ѝ ја посветил песната „Lažljiva“.
Прочитајте и Бурниот љубовен живот на Наташа Беквалац – беше во брак трипати, со првиот се изневерија, последниот ја претепа
М. М. | Црнобело