Најемотивната изведба на Северина на песната за синот ќе ве расплаче: „Пројдовме низ тежок пат, сакаа да ми го земат, сега е со мене“ (видео)
- Детали
- петок, 14 ноември 2025
„Неговото срце чукаше под моето и потоа сакаа да ми го... да ми го искорнат срцето. Но за тие 2 убави очи, јас би повторила сè. Пројдовме еден тежок животен пат. Но, тој сега е со мене и израсна во прекрасен тинејџер“ – рече Северина и додека на бим вртеа видеа од моменти од растењето на синот, ја отпеа „Rodjeno moje“, песната што ја напиша за него кога ѝ го одземаа старателството.

Северина стана симбол за херој мајка на која неправедно ѝ беше одземено детето, односно старателството над него.

Таа го роди Александар во 2012, а по разделбата со Милан, имаа заедничко старателство.
Во нивниот однос имаше низа турбуленции, а нејзината жалба што го гледа детето само два дена во неделата и секој трет викенд, не беше прифатена, па во еден момент целосно ѝ беше одземено старателството.
Пејачката водеше тешка битка, која најчесто Милан ја добиваше заради неговите конекции, но на крајот успеа да се избори за своето родено дете и сега се конечно заедно.
Во тој период таа не смееше ниту јавно да споделува фотографии од синот, а едвај го гледаше, но сега, таа го има Александар за себе и ја има неговата љубов и поддршка за сè.

Кога ѝ беше најтешко ја напиша песната „Rodjeno moje“, текст кој кине срца, а на еден од последните концерти во Загреб, таа ја отпеа на најемотивен начин.
Во позадина на видео бим кружеа фотографии и видеа од сите моменти кои не смеела да ги споделува, од неговото растење, нивните прегратки и спомени од деновите кога била најсреќна, пред некој да ѝ ја ускрати таа можност.

„Ние пројдовме еден тежок животен пат. Но, тој сега е со мене и израсна во прекрасен тинејџер“ – рече таа и ја отпеа песната која предизвика тон емоции во публиката.

На крајот се поклони и со солзи ја гледаше публиката која ѝ даваше неверојатна поддршка, на цел глас ја пееше песната и извикуваа „Севе ние те сакаме“.

„Ви благодарам на оваа љубов, убаво ми е топло ми е, толку имам да кажам...
Најдрагиот маж во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето и потоа сакаа да ми го... да ми го искорнат срцето.
Но за тие 2 убави очи, јас би повторила сè“.

Погледнете го видеото на кое нема да останете рамнодушни, како и на описот кој таа го напиша:
„Бев една од ретките мајки на светот која не смееше гордо да објавува фотографии од синот.
За среќа, на крајот тоа одобрување го добив од најважната личност – моето дете. Одобрување посилно од кој било закон и бирократија.
И конечно повторно живееме среќно и убаво.
За жал, многу жени и понатаму се во маѓепсан круг на бесчувствителниот и корумпиран систем – од социјални служби до судови.
Без средства за финансирање на бескрајните постапки и надеж за правда.
Многу жени често остануваат осамени во својата борба, потполно исцрпени финансиски и психички. Ги грее само детската љубов.
И мене таа ме одржа да издржам сè. Љубовта секогаш го победува злото“.
М. М. | Црнобело