Трагедија во Хрватска: Турски пилот загина во авионска несреќа, 2 месеца откако преживеал друга

Во вчерашната авионска несреќа во Хрватска животот го загуби пилот кој пред само неколку месеци преживеал друга авионска несреќа. Скоро целата своја кариера, пилотот управувал со авиони за гаснење пожари и турските медиуми го нарекуваат херој.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga01.jpg

Синоќа (13.11), хрватските медиуми споделија дека во близина на градот Сењ, од радарот исчезнал авион за гаснење пожар, познат како „ертрактор“.

Набрзо потоа известија дека станува збор за турски авион.

Авионот бил пронајден – за жал, срушен и во пламени, по што веднаш почнала спасувачка акција.

Два турски авиони за гаснење летале од Риека кон Загреб. Бидејќи имало магла, го промениле правецот и во тој миг едниот авион исчезнал.

Откако пожарникарите го изгасиле огнот, го нашле и пилотот кој загинал во несреќата.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga-06.JPG

На официјалниот Фејсбук профил на Хрватската противпожарна заедница беа споделени фотографии од акцијата, на кои се гледаат неколку пожарникари, како и делови од срушениот авион.

Набрзо потоа се огласија и турските власти со повеќе детали, откривајќи дека двата авиона биле на пат од Турција кон Загреб на одржување.

„Но, поради лошите временски услови, вчера слетаа на аеродромот на Крк. Денес (13.11) во 16:38 часот повторно полета за Загреб, но поради влошување на времето мораа да се врата на Крк.

На повратната рута, едниот авион безбедно слета на аеродромот во Риека, додека контактот со другиот беше изгубен во 18:25 часот“.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga-3.JPG

Како што открива шефот на противпожарната служба на округот каде што се срушил авионот, пожарникарите ги затекнала непријатна сцена.

„Штом стигнаа на терен, започна гаснењето, а пожарот брзо беше локализиран. Пожарникарите ги дочека многу непријатна сцена. Пожарот го зафатил предниот дел на авионот.

Кога се приближија до авионот, пронајдоа едно тело кое веќе беше пеплосано“.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga-02.JPG

Набрзо потоа беше утврден идентитетот на жртвата – пилот од Турција кој пред помалку од три месеци доживеал авионска несреќа.

Загинатиот пилот е 45-годишниот Хасан Бахар.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga-5.JPG

На 29-ти август годинава, тој преживеал пад на авион за гаснење пожар во северозападниот дел на Турција.

Тој гаснел пожар, кога се јавиле проблеми со авионот и се срушил. Тогаш пилотот поминал со полесни повреди.

tragedija-vo-hrvatska-turski-pilot-zagina-vo-avionska-nesrekja-2-meseca-otkako-prezhiveal-druga-4.JPG

Турските медиуми пренесуваат дека скоро целата своја кариера, пилотот управувал со противпожарни авиони и бил вклучен во многу акции за гаснење.

yangin-sondurme-ucagi-hirvatistan-da-dustu-pilot-19251372_85_m.JPG

Па, смртта на пилотот не загуба само за неговото семејство, туку и за целиот тим пожарникари и експерти кои си го ризикуваат животот, додека турските медиуми го опишуваат како херој.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Турски милијардер, бивши дечко на Емина Јаховиќ, е опседнат со Јелена Карлеуша - ѝ нуди приватен џет... „Садетин буквално не ја остава на мир Карлеуша. Секој ден ѝ праќа цвеќе и скапоц...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага... „Ема живееше во Земун и се запознавме во автобус во кој се возевме често двајцат...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава