Застрашувачки сцени од пожарот во облакодерот „Vjesnik“ во Загреб, еден од симболите на новинарството во Југославија

Од синоќа, пожарникарите во Загреб се борат со огнот што го зафати облакодерот „Vjesnik“. Првично пожарот беше ставен под контрола, но утрово повторно избил, а надлежните уште ја истражуваат причината.

zastrashuvachki-sceni-od-pozharot-vo-oblakoderot-vjesnik-vo-zagreb-eden-od-simbolite-na-novinarstvoto-vo-jugoslavija-01.jpg

Облакодерот „Vjesnik“ во Загреб, кој е еден од симболите на градот, синоќа беше во пламен.

Како што пренесуваа хрватските медиуми пожарникарите прво гаснеле внатре, но кога пожарот почнал да се проширува од петтиот кат нагоре, морале итно да ја напуштат зградата.

Продолжиле со гаснење однадвор, а борбата со огнот траела цела вечер.

На официјалниот Фејсбук профил на Противпожарната служба во Загреб беа споделени и морничави фотографии од запалената зграда.

„Добивме дојава за густ црн чад и видлив пламен што излегувал од зградата ’Vjiesnik‘ на повеќе катови. По пристигнувањето на местото на интервенцијата, противпожарните екипи почнаа со гаснење на 15-тиот кат.

Набрзо по почетокот на интервенцијата, пожарот се прошири на сите катови од 5-ти нагоре, поради што пожарникарите мораа итно да го напуштат објектот и да преминат на надворешно гаснење.

Надворешното гаснење беше отежнато поради паѓањето на стакло и делови од конструкцијата од повисоките катови.

По реорганизирањето започнавме со детална проверка и гаснење на објектот од подрумот кон врвот.

На фотографиите можете да видите како изгледа интервенција во вакви услови. Благодарност до сите за посветената работа“, стои во објавата.

zastrashuvachki-sceni-od-pozharot-vo-oblakoderot-vjesnik-vo-zagreb-simbolot-na-novinarstvoto-vo-jugoslavija-05.JPG

Утрово, Vecernji list сподели дека ситуацијата е под контрола, но околу 9:20 часот, повторно избувнал пожар на самиот врв на облакодерот.

Областа околу облакодерот е затворена за јавност, додека пожарникарите уште се борат со стихијата.

Гаснењето ќе продолжи во текот на денот, додека причината за пожарот уште не е утврдена.

zastrashuvachki-sceni-od-pozharot-vo-oblakoderot-vjesnik-vo-zagreb-simbolot-na-novinarstvoto-vo-jugoslavija-02.JPG

Инаку, облакодерот „Vjiesnik“ своевремено важел за една од најмодерните згради во Европа и беше симбол на градот.

Проектиран е во далечната 1957 година, од архитектот Антун Улрих, а неговата изградба траела девет години – од 1963 до 1972 година.

Со препознатливата фасада, дизајнот на зградата бил инспириран од американските деловни згради.

zastrashuvachki-sceni-od-pozharot-vo-oblakoderot-vjesnik-vo-zagreb-simbolot-na-novinarstvoto-vo-jugoslavija-03.JPG

Конструкцијата на зградата со широк отворен простор била идеална за новинарски редакции, па во златната доба, овде биле сместени неколку медиуми, како дневниот весник Vjesnik , потоа Vecernji list и низа спортски весници и магазини.

Овде се печателе и изданијата на некои од најпопуларните стрипови во Југославија, како „Алан Форд“.

zastrashuvachki-sceni-od-pozharot-vo-oblakoderot-vjesnik-vo-zagreb-simbolot-na-novinarstvoto-vo-jugoslavija-04.JPG

По политичките промени во 1990-тите, новинарските редакции постепено се „иселиле“ од познатата зграда и имало низа спорови за сопственоста на зградата, но таа сепак останала еден од симболите за новинарството во поранешна Југославија.

Повеќе фотографии и видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...

Најчитани неделава