„Сите забележуваат кога си ненашминкана, никој не ја забележа девојката која бегаше од маж со пиштол“ – Потресно видео по фемицидот во Босна

Меѓу оние кои се огласија за трагедијата е економистот Адмир Чавалиќ кој и бил ментор.

„Тешко е да се најдат зборови за нечија смрт. Уште потешко ако таа личност е помлада од тебе, студентка, личност која те нарекувала ментор.

Од први едукации, организации на настани, меѓународни патувања, па читање прва, втора, трета, педесетта книга, па сè до пишување заеднички научни трудови и глобални проекти. Децении работа и раст.

Кога гледаш како студентот учи, работи, се развива во силна личност. Таа личност беше Алдина Јахиќ, ’филозоф‘, како што ја нарекував јас.

Филозофот вчера проба да побегне од насилник, будала, слабак без ’рбет. Но, безуспешно, куршумот бил побрз.

Алдина можеше да организира настан за 1.000 луѓе, да напише десетина трудови, да зборува пред голема публика и, течно на англиски, да зборува за Босна и Херцеговина и да се шегува.

Можеше сè. Така јас ја гледав. Но, вечер не успеа да побегне. Оди понатаму драги филозофе… Искрено сочувство до семејството Јахиќ“.

prosti-ni-aldina-potresni-poraki-po-femicidot-vo-mostar-bliskite-se-zboguvaat-od-devojkata-koja-beshe-ubiena-vo-hotelski-toalet-02.JPG

Се огласи и колешка на Алдина од Филозофскиот факултет во Тузла.

„Нашата колешка, девојка која благодарение на своето знаење најде место во деловниот свет, стана жртва на психопат. Убиена е. Немам зборови.

Од ден во ден сме сè помалку сигурни во општество кое од жената направи мета. Зошто мајки, татковци на синови? Како успеавте да воспитате ваква генерација насилници?

Анис Калајџиќ е убиецот на Алдина. Според првичните информации, Алдина претходно барала помош од полицијата, се криела, но реакцијата не била адекватна и повторно тоа нереагирање ѝ го одзеде животот на една девојка“, стои во објавата.

prosti-ni-aldina-potresni-poraki-po-femicidot-vo-mostar-bliskite-se-zboguvaat-od-devojkata-koja-beshe-ubiena-vo-hotelski-toalet-3.JPG

Младиот писател Федор Марјановиќ, кој исто така бил близок со Алдина, го сподели својот гнев на Фејсбук.

„Алдина беше личност која заслужуваше сè што имаше. Го заслужи тоа со својот труд, својата посветеност, интелигенцијата и добрината. Единствено не заслужи да биде убиена.

Ја уби Анис Калајџиќ, кој со пиштол ја бркал низ град, за на крај да ја убие во тоалетот на угостителски објект. Алдина не го заслужи ова.

Никој не заслужува да биде убиен како дивеч, па дури ни човекот кој ја уби. Тој заслужува да живее уште сто години, соочен со своето злодело.

Во гневот што го чувствувам, вријат многу мисли, меѓу другото и дека ова не е изолиран случај, туку една алка во синџирот на злото во нашето општество, алка која со своето кинење го однесе животот на Алдина…

Драга Алдина, ти беше доказ за тоа колку добри можат да бидат луѓето, а твојот убиец е доказ за тоа колку лоши можат да бидат. Го збогати секој што го познаваше, а тој нè осиромаши.

Засекогаш ќе те помнам како насмеана и весела, каква што секогаш беше кога се сретнувавме, каква што беше тој ден кога се дружевме во Прага, кога пиевме кафе, разговаравме за животот и се шегувавме.

Во моите сеќавања, заедно ќе седиме во кафетеријата во Прага и ќе се смееме. Почивај во мир, моја добра душо“.

Меѓу другото, тој зборува и за недостатокот од закони за фемицид кои ги би заштитил потенцијалните жртви во вакви ситуации.

prosti-ni-aldina-potresni-poraki-po-femicidot-vo-mostar-bliskite-se-zboguvaat-od-devojkata-koja-beshe-ubiena-vo-hotelski-toalet-4.JPG

Потресна е и пораката од пријателка од деството на Алдина со која биле родени на ист ден.

„Совршено се сеќавам на тој седми декември, во шесто одделение, втора смена и застанати во редици го чекаме ѕвончето.

Не одевме во исто одделение, но во две редици стоевме една покрај друга со кесиња со бонбони за д ги честиме другарчињата бидејќи ни беше роденден.

Се прегрнавме и си честитавме една со друга, со приказната која и двете мајки ни ја имаа раскажано бидејќи нè родиле во иста ноќ, една покрај друга…

И, сега нејзе ѝ е скратен тој седми декември. Тебе Бог нека ти подари рај, а на сите нас правдаа.

Таа пробала и да побара помош од родителите на убиецот, што е нејзина единствена грешка.

Жени, мајки и кралици, со ова само си создавате цело семејство непријатели, бидејќи тој засекогаш ќе биде нивното совршено дете“.

prosti-ni-aldina-potresni-poraki-po-femicidot-vo-mostar-bliskite-se-zboguvaat-od-devojkata-koja-beshe-ubiena-vo-hotelski-toalet-05.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорт... „На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...

Најчитани неделава