Ноле игра сиртаки, Константинос Аргирос му пее српска песна – Ѓоковиќ е атракција во Атина, неговиот нов дом (видео)
- Детали
- среда, 19 ноември 2025
Новак Ѓоковиќ беше атракција во грчки локал каде играше грчко оро заедно со познатиот пејач Константинос Аргирос, а тој му отпеа и српска песна – тенисерот одлично се вклопува во Атина каде што неодамна се пресели, а Грците топло го пречекуваат.

Ноле изгледа идеално се вклопува во новата животна средина откако се пресели во Атина, а локалците веќе го чувствуваат како свој.
Тој освен што објавува фотографии од грчките знаменитости и се запознава со културата на земјата која е негов нов дом, сака да покаже и дека е народен и весел човек.
Вчера беше вистинска атракција во грчки локал, каде за забавата беше задолжен грчкиот популарен пејач Константинос Аргирос.
Од звучниците ечеше „Ej, od kad sam se rodio“, а Ноле пријателски се прегрна со Аргирос и почнаа заедно да се забавуваат.


Потоа српскиот тенисер ги придоби симпатиите на локалците, кога заедно со Константинос заиграа сиртаки, а Ноле очигледно веќе ги владее чекорите.
Снимките од вечерта вирално се споделуваат и коментираат: „Двете најомилени личности во Србија и Грција моментално“ / „Најдобриот со најдобриот“.

Аргирос не пропушти прилика и да се фотографира со српската тениска легенда, а фотката ја објави на Инстаграм Стори.

Погледнете ги видеата:
Прочитајте и Новак Ѓоковиќ откри зошто се пресели во Атина со семејството: „Го сакаме најдоброто за децата“
М. М. | Црнобело