Данијела Димитровска објави постари фотки со синот за роденден – покажа како се менувала низ годините
- Детали
- понеделник, 01 декември 2025
„Денес славиме 12-ти роденден. Малку помалку прегратки, а повеќе разговори. Се трудам да не бидам патетична, но не оди... оставете ме денес“ - манекенката со македонско потекло објави фотки со синот кој го има од бракот со Огњен Амиџиќ, пред да се разведат, а покажа како изгледала пред една деценија.

Манекенката со македонско потекло, Данијела Димитровска, од бракот со Огњен Амиџиќ, кој траеше 10 години пред да се разведат, го има синот Матија.

На 30 ноември тој наполни 12 години, а по тој повод Данијела си ги покажа емоциите јавно.
На Инстаграм таа објави повеќе фотографии низ годините со синот, додека растел во нејзината прегратка, па до денес, кога е веќе голем дечко со кого сериозно разговара.

Но, освен растењето на синот, на фотките се забележува и нејзината трансформација низ годините.
Иако секогаш изгледала фит и имала природна убавина, сепак естетските корекции и променетиот стил си го имаат направено своето за денес да изгледа совршено.
Во описот на објавата гордата мајка напиша:
„Денес славиме 12-ти роденден. Велат дека по одредена возраст, децата помалку ја бараат мајка им.
Тоа баш и не е точно... само бараат на друг начин. Малку помалку прегратки, а повеќе разговори.

Сè што сакам е да останеш баш ваков... и да знаеш, јас секогаш малку повеќе учев од тебе, отколку ти од мене.
Среќен роденден! П.С. Се трудам да не бидам патетична, но не оди... оставете ме денес“.
Инаку, по разводот, Огњен брзо стапи во брак со својата нова девојка Мина, со која веќе го очекува нивното второ дете, а Данијела годинава му кажа ДА на нејзиниот помлад дечко.
Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монденско летувалиште
Повеќе фотки кои Данијела ги објави со синот:













M. M. | Црнобело
