Данијела Димитровска на тајната венчавка во фустан на Викторија Бекам – која го носи подобро?
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
Фустанот чини 1.150 евра и е креација на Викторија Бекам која таа претходно ја носела на вечера со кралот Чарлс – на која од двете дами ѝ стои подобро? Дали Данијела го коригирала моделот на Бекамова или само го ископирала делумно дизајнот и сошила свој фустан?

Данијела Димитровска (38) ја изненади јавноста вчера, кога откри дека направила тајна црковна венчавка со својот избраник, Јеврем Косниќ.
Данијела Димитровска тајно се венча за помладиот дечко: „Моето засекогаш ДА – тивко, во мал круг“
Моделот сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како невестата се подготвува, но и како ја крунисуваат љубовта и разменуваат бурми, а потоа и блиските гости објавија неколку фотографии.

Иако во црква невестата беше со долг затворен капут, на инсерти од видеото и на некои од фотките се гледа дека носи фустан, кој наликува на креација на Викторија Бекам, која и самата таа претходно ја има носено на вечера со кралот Чарлс.
Фустанот на официјалниот сајт чини 1.150 евра, но не е познато дали Данијела го купила оригиналниот модел или само се инспирирала од дизајнот и сошила свој, бидејќи нејзиниот е во миди должина, а на Викторија се влече.


Во секој случај, таа како и секогаш изгледа беспрекорно, едноставно и нежно, а сепак впечатливо со невестински сјај.
со мајка ѝ и сестра ѝ

Уште неколку фотки од креацијата на Викторија:




Кој модел ви се допаѓа повеќе?
М. М. | Црнобело
