Марија Шерифовиќ емотивна на вториот роденден на синот: „Ме научи да живеам повторно“
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
„Мое меко русо момче, колку многу ни ги промени животите на сите. Колку многу ти, таков мал и ситен, нè учиш на сè. Ти благодарам што дојде кај мене, за да ме научиш да живеам повторно“, напиша Марија.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ денес има голема причина за слевење - синот Марио, кој го доби со жена-сурогат, денес полни 2 години.
Марија го најави неговиот роденден на Инстаграм Стори со видео на кое Марио чука на тапани, а ликот му е покриен со емотикон хамбургер.

Овој емотикон пејачката го користи веќе подолго време кога споделува фотки и видеа од синот и по две години не го открива неговиот лик во јавноста.
Таа сподели и фотка со Марио, и емотивна порака.
„Сине мој, моја радост најголема.
Денес славиме заедно. Го славиме твоето животче и мојот втор роденден откако бев избрана да бидам баш јас твоја мајка.

Мое меко русо момче, колку многу ни ги промени животите на сите. Колку многу ти, таков мал и ситен, нè учиш на сè.
Ти благодарам што дојде кај мене, за да ме научиш да живеам повторно. Среќен роденден Марио“, напиша Марија.
Откако стана мајка, многумина коментираат дека Шерифовиќ станала „помека“ и целото свое внимание му го посветува на синот.
Таа и во интервју за CRNOBELO.com кажа дека „нејзиниот Марио е многу мил и вистинска љубов“.

Прочитајте и Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“
А. Ј. | Црнобело